Чука — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Село. Претставува населба и могила од неолитското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на работ на селото, на блага падина со површина од 150 на 120 метри, која се спушта кон југ.

Опис

На наоѓалиштето има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, како и парчиња згура од топено железо. Нивната најголема концентрација е во нивите на С. Георгиев и И. Патулев. На теренот има и траги од уништена могила.

Поврзано Бел Рид — населба од доцноантичкото време; Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Коштуница — могила од римското време; Новоселско Депо — депо на монети од средниот век; Селиште — населба од бакарното и бронзеното време; Сушица — населба од неолитското време; Шопов Рид — могили од римското време; Ново Село; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.

Наводи

Категорија:Ново Село (Струмичко)