Градско паркче — археолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.

Претставува некропола од доцноантичко време. Во центарот на градот, во 1960 година, при копањето на темелите за старата пошта, сега стоковна куќа „Герас Цунев“, е откриена голема некропола. Гробовите се наоѓале на длабочина од 2,20 до 3,60 м, во три слоја, со конструкции од тегули. Гробовите биле без прилози, освен неколку во кои се најдени монети од времето на Јустинијан. Некрополата е целосно уништена. Наодите се чуваат во во Заводот и музеј во СтрумицаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Марково Кале Мачук Катастарска парцела 3730 Орта џамија Самарница Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“ Тивериопол Струмичко Кале

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Струмица