Кристоф Алхаус (роден во Хајделберг, Баден-Виртемберг) е германски политичар. Тој е претставник на германската христијанска демократска унија, каде се придружил во 1985. Тој бил градоначалник на Хамбург од август 2010 до март 2011.

Алхаус е роден на 28 август 1969. Тој е оженет и студирал право на универзитетите во Хајделберг, Минхен и Берлин.

Од 7 мај 2008 до 24 август 2010, Алхаус бил покраински министер за внатрешни работи во Хамбург. Од 25 август 2010, бил Прв градоначалник на Хамбург. Кристоф Алхаус бил критичен кон зелената партија во текот на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Хајделберг Категорија:Политичари од Христијанската демократска унија (Германија) Категорија:Градоначалници на Хамбург Категорија:Апсолвенти на Хајделбершкиот универзитет