Мартин Емил Фердинанд Халер (1835–1925) бил германски архитект, кој го проектирал Градскиот дом на Хамбург и зградата на генералниот конзулат на САД во Хамбург и член на хамбуршкиот парламент.

Ран живот и семејство

Халер е роден на 1 декември 1835 во Хамбург.Неговиот татко бил правникот Фердинанд Халер (1805–1876), градоначалник на Хамбург. Мајката на Халер, Адел, била Еврејка, ќерка на Амшел Опенхајмер. Халер ја посетувал гимназијата Gelehrtenschule des Johanneums до 1855. Халер студирал архитектура во Потсдам, Берлин, Париз и Англија.

Во 1865, Халер се оженил со Антони (порано Шрам, 1846–1925) и имал син Фердинанд (1871–1963), кој бил заменик директор на HAPAG и три ќерки, Антони, Мари и Елен.

Халер умрел на 26 мај 1925 во Хамбург.

Кариера во Хамбург

Во 1861, Халер се вратил во Хамбург и отворил биро. Тој бил 10 години претседател на професионалната организација на архитекти и член на Хамбуршкиот парламент 14 години. Во 1880, Халер и 8 други архитекти основале синдикат и му презентирале на Сенатот на Хамбург нова верзија за Градскиот дом на Хамбург. Во 1886, изградбата почнала.

Халер планирал повеќе од 562 градежни проекти.

Влијание

Халер бил под влијание на Шарл Гарние, архитект на Париската опера; Готфрид Земпер и италијанската висока ренесанса. Тој не го сакал движењето сецесија.

Избрани дела

Градски дом на Хамбург Алстеруфер# 27 (сега Генерален конзулта на САД во Хамбург и изменет) Канцелариска зграда (банка) за M.M.Warburg & CO Концертна сала Лајсцхале Канцелариска зграда за Reederei Woermann, т.е. Afrikahaus Канцелариска зграда за Hamburg-Amerikanische Packetfahrt-Actien-Gesellschaft (HAPAG) Висока школа за музика и театар Хамбург

Почести

Градот Хамбург му оддал почест на Хале со улицата Hallerstraße (Халерштрасе).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1835 Категорија:Умрени во 1925 Категорија:Германски архитекти Категорија:Членови на Хамбуршкиот парламент Категорија:Луѓе од Хамбург Категорија:Родени во 1835 година Категорија:Починати во 1925 година