Џозеф Хенри (; - ) — американски физичар.
Се смета за еден од најголемите американски научници по Бенџамин Френклин. Џозеф Хенри бил пионер во областа на електромагнетизмот, го открил феноменот на самоиндукција - волтажа што е произведена од променливата струја. Неговата работа била од клучно значење за пронаоѓањето на телеграфот, електричниот мотор и на телефонот. Во 1846 година Хенри станал првиот директор на Институтот Смитсонијан и еден од основачите на Националната академија на науките. Во 1893 година по него била наречена стандардната електрична единица на индукциски отпор, хенри.
Извор
Категорија:Американски физичари