десно|195п|мини|Хранлива ознака на пакување на ориз Калорија е единица за енергија надвор од и постара од системот SI. Нејзин твоец е францускиот научник Никола Клеман (1779-1842) кој во 1824 ја осмислил како единица за топлинаЕтимологија: француски calorie, од латинскиот збор calor = „топлина“. Во највеќето научни области калоријата уште поодамна е заменета со џулот, па така денес главно се користи за изразување на енергетската вредност на храната.
Дефиниција Постојат две разни дефиниции за калорија: мала карлорија или грам-калорија (симб. cal, кал)calorie - Merriam-Webster - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C.„калорија“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет Ова е еднакво на ~ 4,2 џули. голема калорија, килограм-калорија, прехранбена калорија (симб. Cal, Кал) - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C. Ова изнесува точно 1000 мали калории или околу 4,2 килоџули.
Грам-калоријата како единица е премала за да биде корисна во исхраната, па затоа се користи килокалорија (симб. kcal) или големата калорија. Во овој контекст, поимите „калорија“ и „килокалорија“ се истоветни.
Разлики Енергијата потребнна за покачување на температурата на извесна маса вода за 1 °C зависи од почетната температура и тешко е да се измери точно. Затоа постојат неколку дефиниции за калорија. Најзастапените дефиниции во постарата литература се калоријата на 15 °C и термохемиската калорија.
Факторите на претворање на калориите во џули се бројчено еквивалентни на со изразената специфичната топлина на водата во џули по грам или килограм.
Име Симбол Претворање Белешки Термохемиска калорија calth ≡ ≈ ≈ ≈ Меѓународен стандард ISO 31-4: Величини и единици – Дел 4: Топлина. Прилог B (информативно): Другите единици се дадени информатицно, особено што се однесува до факторот на претворање. Меѓународна организација за стандардизација, 1992. Калорија на 4 °C cal4 ≈ 4,204 J ≈ ≈ ≈ количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 3,5 °C на 4,5 °C при стандарден атмосферски притисок. Калорија на 15 °C cal15 ≈ 4,1855 J ≈ ≈ ≈ количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 14,5 °C на 15,5 °C при стандарден атмосферски притисок (101,325 kPa). Експерименталните вредности на калоријата се движеле од 4,1852 J to 4,1858 J. Во 1950 комитетот на МБТМ ја објавил средната експериментална вредност 4,1855 J, со неодреденост од 0,0005 J. Калорија на 20 °C cal20 ≈ 4,182 J ≈ ≈ ≈ количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 19,5 °C на 20,5 °C при стандарден атмосферски притисок. Средна калорија calсред ≈ 4,190 J ≈ ≈ ≈ од количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 0 °C на 100 °C при стандарден атмосферски притисок. Меѓународна парна калорија (1929) ≈ 4,1868 J ≈ ≈ ≈ „меѓународни ват-часови“ = точно „меѓународни џули“.Figure depends on the conversion factor between „меѓународни џули“ и „апсолутни“ (современи) џули. Користејќи го средниот меѓународен ом и волт (1,00049 Ω, 1,00034 V ), меѓународниот џул изнесува околу 1,00019 J, што дава вредност од 4,18674 J Меѓународна парна калорија (1956) calIT ≡ 4,1868 J ≈ ≈ ≈ 1,163 mW·h = точно 4,1868 J. Оваа дефиниција е усвоена на V Меѓународна конференција за својствата на пареата (Лондон, јули 1956). IUNS калорија ≡ 4,182 J ≈ ≈ ≈ Овој сооднос е усвоен од Комитетот за номенклатура на Меѓународниот сојуз за исхранбени науки (IUNS).
Наводи
Поврзано Базален метаболизам Енергетска вредност
Категорија:Единици за енергија Категорија:Топлина Категорија:Исхрана Категорија:Пренос на топлина Категорија:Единици вон SI