мини|десно|Илустрација на правилото за знаци при множење.

Во математиката, производ е резултат од операцијата множење. Редоследот на множење на реалните и комплексните броеви не влијае врз производот. Ова својство се нарекува комутативност. Кога множиме матрици и членови на разни други асоцијативни алгебри, производот обично зависи од редоследот на множениците, т.е. местата не им се заменливи и затоа за нив не важи комутативниот закон.

Производниот оператор при множењето на низа се означува со големата грчка буква пи ∏ (аналогно на големата сигма ∑ како симбол за збир).

Знакот пред производот (плус или минус) зависи од знакот на множителот и множеникот. Кога двата броја имаат ист знак (+ или -), производот секогаш е позитивен, но кога имаат различни знаци, производот секогаш е негативен.

Поврзано Множење Декартов производ Векторски производ Скаларен производ Таблица множење Количник - резултат при делење Аритметика Позитивен број Негативен број

Наводи

Надворешни врски Производ - MathWorld

Категорија:Аритметика Категорија:Множење

hu:Szorzás