Тодор Јованов (, - , ) — македонски композитор на народни песни и кореограф на ора, татко на пејачот и композитор Јован Јованов.

Животопис Јованов е роден во Скопје во 1948 година. Неговата музичка кариера била богата со хитови од новокомпонираната македонска музика, „Горда Македонка“, „Песна семакедонска“, „Минаа денови“, „Мнгупи“, „Александар Македонски“, „Зошто, мили Боже“, „Снежо, Снежана“. Освен овие песни, Јованов се истакнал и како кореограф на: „Илинденско востание“, „Истерување на чумата“, „Тутуноберачите“, „Сред село“, „Билјана платно белеше“ и многу други. Јованов соработувал со сите македонски пејачи на народна музика и бил и основач на некогашната популарна фолк група „Јаца и Јатаган“. Починал на 22 август 2011 во Скопје, додека почива во Нерези. Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски кореографи