Хамбуршкиот парламент (германски: Hamburgische Bürgerschaft) е еднодомен парламент на германската покраина Хамбург, според уставот на Хамбург. Во 2011 имало 121 член во парламентот, што претставува релативна еднаков однос на изборните единици. Парламентот се наоѓа во собранието во Градскиот дом на Хамбург („ратхаус“), во кога дел е и Владата на Хамбург.
Парламентот меѓу другите работи одговорен е за законот, изборот на Erster Bürgermeister (Прв Градоначалник) за изборниот период и контролата на Сенатот (владиниот кабинет).
121 член се избираат на универзални, директни, слободни и тајни избори на секои четири години.
Историја
thumb|left|Првиот познат документ на Erbgesessene Bürgerschaft, Der Erste Rezess од 1410.
Потекло
Bürgerschaft како термин е во употреба од средниот век да се однесува на машките жители на Хамбург со државјанство. Комитет за земјопоседничката класа во рамките на градот, наречен Erbgesessene Bürgerschaft, бил создаден од оваа група во 15-от век да ја раководи државата. Првиот познат документ на овој комитет, кој традиционални бил доминиран од локалните трговци, потекнува од 1410 и бил именуван Der Erste Rezess (приближно: Првата споредба). Системот на наследни места бил склон кон корупција и настанале неколку големи борби во следните декади.
Lange Rezess (приближно: Долгата споредба) од 1529 го реформирала административниот систем на градот и направила владејачкиот совет да одговора на неколку комитети на Erbgesenne Bürgerschaft. Овие тела се појавиле надвор од црковните структури на сега Лутеранската црква, но не можеле да ги решат сите аспекти на чувствителната ремнотежа на силата. Така, комисија, пратена од императорот на Светското Римско Царство, морал присилно да обезбеди мир во 1708 и градот морал да ги договори административните структури во следните години.
Следниот период довел до поголема критичност на воспоставените структури и Харбург учествувал во изборите на Франкфуртското национално собрание во 1848. Ова резултирала со уште поголема дебата и Erbgesenne Bürgerschaft донел нов изборен закон за да ја намали критичноста во септември 1848, но пруските трупи во текот на Првата шлеска војна доведе до хаос.
Избори во 1859
Нов обид за реформа на уставот бил започнат по долги дискусии во 1859 и Erbgesenne Bürgerschaft се сретнал за последен пат во ноември истата година да го донесе новиот ред, како и да се распушти во корист на Bürgerschaft. Од 1859, Bürgerschaft се однесува на ова избрано парламентарно тело.
Хамбуршки парламент во СР Германија
Изборите од 1949 довеле до вториот избран парламент на Хамбург по Втората светска војна, а Социјалдемократската партија ја одржувала нејзината традиционална доминантна улога, откако се возобновила по изборите за време на британската окупација од 1946. Партијата продолжила да владее со градот, освен 1953-57, до првиот Сенат на Оле фон Бојст, формиран во 2001.
Од 23 март 2011, Хамбуршкиот парламент е во неговиот 20-ти законодавен период во Сојузната Република Германија. Владата на СПД ја наследила коалицијата на ЦДУ и Зелените.
Организација
Претседател и одбор
Претседателот на парламент го раководи парламентот и неговите заседанија. Претседателот е поддржан од 'Првиот заменик-претседател' и 3 заменици-претседатели, сите избрани од претставниците. Претседателот, замениците-претседателот и 3 високи службеници се дел од одборот (германски: Präsidium).
Во 2011, претседател на Хамбуршкиот парламент бил Карола Фајт.
+ Список на претседателите на Хамбуршкиот парламент од 1859 Мандат име1859–1861д-р Јоханес Ферсман1861–1863д-р Исак Волфсон1863–1865д-р Херман Баумајстер1865–1868д-р Георг Кунарт1868–1868д-р Херман Баумајстер1869–1869Јохан А. Т. Хофман1869–1877д-р Херман Баумајстер1877–1885д-р Герхард Хахман1885–1892д-р Ото Менкеберг1892–1902Зигмунд Хинриксен1902–1913Јулиус Енгел1913–1919д-р Александер Шен1919–1920Бертолд Гросе1920–1928Рудолф Рос1928–1931Макс Хуго Лојтериц1931–1933д-р Херберт Рушевој1946д-р Херберт Рушевој1946–1960Адолф Шенфелдер1960–1978Херберт Дау1978–1982Петер Шулц1982–1983д-р Мартин Вилих1983–1986Петер Шулц1986–1987д-р Мартин Вилих1987–1987Елизабет Киауш1987–1991Хелга Елстнер1991–1993Елизабет Киауш1993–2000Уте Папе2000–2004д-р Дороти Штапелфелт2004–2010Бернт Редер2010–2011Луц Мохаупт2011–Карола Фајт
Совет на најстари
Советот на најстарите (германски: Ältestenrat) се состои од претседателот, замениците-претседатели и неколкуте членови, назначен од парламентарните групи. Советот го поддржува претседателот и одборот во поглед на одлуките за дневниот ред, кадровските прашања и финансиските работи.
Парламентарни групи
Парламентарните групи (германски: Fraktionen) се составени од најмалку 6 членови на парламентот. Повеќето од овие групи се од една партија.
Комитети
Дневната работа на парламентот е завршувана во комитети.
Избор на кандидатите
Изборот е регулиран со закон. Почнувајќи од 2008, избран во парламентот може да биде секој Германец по неговиот/нејзиниот 18-ти роденден. Тој/таа е ограничен, ако на тој/таа не му е дозволено да гласа со пресуда, не поседува деловна способност или има застапник според закон.
Тековен состав
thumb|Места на Хамбуршкиот парламент во 20-от законодавен период.
Покраинските избори, со новиот изборен закон, биле одржани во Хамбург на 20 февруари 2011. Дебатите во изборната кампања биле доминирани од економските и образовните прашања, како и оценката на неуспешниот Сенат под водствот на Кристоф Алхаус од ЦДУ, наследникот на Оле фон Бојст.
Петте партии, кои имале повеќе над 5 проценти (минимум за избор) биле социјалдемократската SPD, христијаско-демократската CDU, еколошката Зелена алтернативна листа (GAL; кој е хамбуршкиот огранок на Сојуз '90/Зелени), либералната Слободна демократска партија и левата Die Linke, кои влегле во парламентот за првпат во 2008. SPD, под водство на Олаф Шолц, освоил апсолутно мнозинство од 121 место во Хамбуршкиот парламент и формирал влада во Хамбург без коалициони партнери.
Наводи
Надворешни врски
Службена страница на Хамбуршкиот парламент Парламентот на Хамбург на www.hamburg.de
Категорија:Политика на Хамбург