thumb|right|300px|Карта на административниот град во Цариград Палатата на Дафне (грчки: Δάφνη) се наоѓала во склоп на Големата палата во Цариград во времето на Византија. Името на палатата дошло според статуата на нимфата Дафне, која била донесена од РимPaspates (2004), p. 227.

Палатата Дафне била една од првите градежни објекти кои биле изградени во новата престолнина на Константин ВеликиWestbrook (2007). Објектот бил проширен во времето на Јустин II (565-568), и во следните неколку векови објектот претставувал главна административна зграда на императорите до 8 век. Целиот комплекс вклучувал параклис посветен на Свети Стефан и одаите на императорот. Објектот исто така се користел за официјално крунисување на новите императори, нивни свадби и семејни веселби.

Кога кон 9 век центарот на администрацијата се преселил во палатата Букелеон, значењето на комплексот се намалило за да во Четвртата крстоносна војна целосно биде ограбен. Денеска на местото каде некогаш се наоѓала палатата се наоѓа Султанахмедовата џамија.

Наводи

Надворешни врски 3D реконструкција на објектот на Byzantium 1200

Категорија:Голем дворец (Цариград) Категорија:Архитектура од 4 век