Тајлер Фарар (; р. ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодото 2003-2017.

Негови најголеми достигнувања ги вклучуваат победите на Сиркут Франко-Белж во 2009 и еднодневната трка Ватенфал Класик во изданијата од 2009 и 2010. На големите трки освоил шест поединечни етапи, како и учествувал во две победи во екипен хронометар.

Велосипедска кариера

Фарар започнал да вози на 13 години и возел за во 2003 година, за во 2004 година и за во 2006 и 2007 година. Во април 2006 година паднал близу крајот на Сиркут де ла Сарт и ја скршил клучната коска и го пропуштил поголемиот дел од сезоната. За сезоната 2008, се префрлил во .

Има освоени етапи на Џиро д’Италија,Џиро д’Италиа 2010: Тајлар Фарар ја заврши етапата откако го преземе водството од светскиот шампион Кадел Еванс Телеграф, 9 мај 2010 Вуелта а Еспања, Три дена Де Пане, Тур де Франс и САД Про Сајклинг Челинџ. Ја носел жолтата маичка на третата етапа на Трката околу Калифорнија 2008 по добивање на бодовите за спринт во текот на втората етапа.

мини|upright|лево|Фарар на Гент-Вевелгем 2011

Фарар е многу популарен во Фландрија, бидејќи течно го говори холандскиот јазик и живее во белгискиот град Гент. Во 2012 година бил прогласен за почесен граѓанин на Гент.

Во мај 2011 година, Фарар заедно со целата екипа , се повлекле од Џиро д’Италија како знак на почит за неговиот пријател и тренинг-партнер Ваутер Вајлант, кој загинал во несреќа на третата етапа од трката.

На 4 јули 2011, Фарар ја освоил неговата прва етапа на Тур де Франс, Етапа 3 од Олон сир Мер до Редон, станувајќи првиот Американец кој освоил етапа на трката на 4 јули.

Фарар паднал четири пати на Тур де Франс 2012, вклучувајќи пад при спринтерска завршница, по кој беснеел по автобусот на екипата , барајќи да се соочи со Том Велерс, кого го обвинил за несреќата. На САД Про Сајклинг Челинџ 2012, Фарар ја освоил својата прва победа во сезоната. На воведната етапа, Фарар изјавил дека бил изненаден дека преживеал на планинскиот терен и можел да се натпреварува во спринтот. Пристигнувајќи во Теларајд, Колорадо во група од 57 возачи, тој бил најбрзиот член на целта. Повторно победил на петтата етапа на трката, посветувајќи ја победата на неговиот медисон партнер Мајк Крид, кој собирал пари за жртвите во пожарите кои се случиле во Колорадо Спрингс. Поради двете победи успеал да собере доволно бодови за освојување на зелената маичка. Подоцна во сезоната, Фарар доживеал страшна несреќа во текот на првата етапа на Трката околу Британија 2012, забележувајќи силен потрес на мозокот. Во октомври, на Фарар му било дозволено да почне со тренинзите од докторот на екипата, Прентис Стефен, кој изјавил: „Здравјето на спортистот е секогаш наш врвен приоритет“.

Фарар има углед за предизвикувања или вмешаност во падови.

По седум години со и скоро безнадежната сезона 2014, Фарар потпишал со за сезоните 2015 и 2016. По настапот на Гран при Монтреал 2017, Фарар го најавил своето повлекување од трките.

Достигнувања

2002 1. 20п Јуниорски поединечен национален првак 1. 20п Јуниорски екипен национален првак 1. 20п Јуниорски олимписки спринтерски национален првак 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Тур л’Абитиби 1. Етапа 4 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Три дена Аксел 2004 1. Етапа 7 Тур де л’Авенир 2005 1. 20п Национален првак во критериум 1. Етапа 2 Тур де л’Авенир 2007 1. Етапа 2 Кореиос де Португал 9. Курне-Брисел-Курне 2008 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Трка околу Бахами 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 1 Тур ду Поату-Шарент 4. Унивест Гран при 5. Париз-Тур 6. Меѓународно првенство Филаделфија 9. Гран при д’Исберг 2009 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Сиркут Валони-Пикард 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. 20п|Зелена маичка Бодовен пласман 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Делта Тур Зеланд 1. Пролог 1. 20п|Зелена маичка Бодовен пласман 1. Пласман за млад возач Енеко Тур 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Ватенфал Класик 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико 1. Етапа 11 Вуелта а Еспања 2010 1. 20п|Жолта маичка Краен пласман Делта Тур Зеланд 1. 20п|Зелена маичка Бодовен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 2 1. Етапа 10 Вуелта а Еспања 1. Етапа 5 1. Етапа 21 1. Етапа 3A Три дена Де Пане 1. Ватенфал Класик 1. Шелдепрејс 2. ГП Уест-Франција 3. Омлоп Хет Ниувсблад 5. Трка околу Фландрија 9. Гент-Вевелгем 2011 Тур де Франс 1. Етапа 2 (ТТТ) 1. Етапа 3 1. Етапа 2 Тирено-Адријатико 1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур 1. Трофео Палма де Мајорка 1. Трофео Кала Милор 3. Дварс дор Вландерен 3. Гент-Вевелгем 4. Курне-Брисел-Курне 10. Светско друмско првенство UCI 2012 САД Про Сајклинг Челинџ 1. Етапа 1 1. Етапа 5 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута 1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија 2. Краен пласман, Трка околу Катар 1. Етапа 2 (ТТТ) 2. Гроте Шелдепрајс 5. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 2013 1. Етапа 4 Трка околу Калифорнија 2. Трофео Палма де Мајорка 2. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес 3. Краен пласман Тур де л’Еурометропол 1. Етапа 3 4. Париз-Тур 6. Шелдепрејс 2014 1. Етапа 3 Трка околу Пекинг 2. Дварс дор Вландерен 2. Шелдепрејс 4. Ватенфал Класик 8. Е3 Харелбеке 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 1. 20п|Црвена маичка Бодовен пласман 2015 9. Схелдепрејс

Распоред на резултатите на големи трки

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСОСОСОСО—147—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур151СО159151——154— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања ВуелтаСО142СО—124——155

СО = се откажал; — = не учествувал

Рекламирање

Фарар се појавувал на воведните најави за утринската временска прогноза на ITV London. Прогнозите биле спонзорирани од Transitions Lenses, кој исто така е спонзор и на тимот на Фарар.Спонзорство The Inner Ring, 12 март 2010Тајлер Фарар реклами Bike Radar

Наводи

Надворешни врски

Профил на Фарар на VELOBIOS

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Американски велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Американски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Американски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на САД