Сенко Велинов (роден на 15 октомври 1965 година во Скопје) — македонски глумец, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје. Член на Народниот театар во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992), на Драмски театар (1992–1999), на Драмата на МНТ (1999–2000), директор на Драмски театар (2001–2002), од 2002 година повторно во Драмата на МНТ.

Улоги: Арган (Вообразен болен), Гилдерстен (Розенкранц и Гилдерстен се мртви мртви), Дон Жуан (Дон Жуан), Салиери (Амадеус), Троил (Троил и Кресида), А (Емигранти) и др.

Критика Од она што го видов провоцирана сум веднаш да кажам: Сенко Велинов е повеќе од одличен. Со улогата на глумецот Светловидов, тој ги достигна славните мигови на неговиот чудесен Салиери и на неговиот Гилдестерн. Во претставата во која во еден миг се извикува „Оче наш, дај ни ја маската наша насушна“, Сенко ја одбра репликата на Розенкранц за флејтата како знак на езотеричната вистина. Едноставно, Велинов направи своевиден омаж за глумецот. Преплавен од немири и порачувајќи дека вистината за животот е иронична вистина, тој ги покажа конфликтите и кризите што се случуваат во душата на глумецот. Со еден збор, Велинов го стави глумецот лице в лице со себеси. Во доба кога на Светловидов му е време да си замине од сцената (има 68 години), тој ја открива личната драма за бескрајната осаменост. Со свесност за нехармоничноста меѓу надворешниот и внатрешниот живот, со сознание дека животот е осама и апсурд, во очаен обид да излезе од таа осаменост, тој бара егзил во алкохолот и живее во идентификација со своите ликови. Прашувајќи се каде отиде се, Светловидов на Велинов го покажа непрекинатото одминување на времето . Омаж за глумецот – По премиерата на „Лебедова песна“

Наводи

Надворешни врски Foltin - Milice live & Senko Velinov

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Анастасија (музичка група) Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“ Категорија:Глумци од Скопје