Петар Делјан — македонски монарх и водач во македонското востаниеISBN 9989-940-48-7 ВОСТАНИЈАТА НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040-1041 Г.) против Византиското Царство. Петар Делјан потекнува од македонска царска династија и бил син на Гаврил Радомир, синот на моќниот Цар Самоил.Самуило је избегавао битке са постројеним војскама; коначно, ипак, његове трупе бише потучене у кланцу Кимвалонгу, на путу измећу Сереза (Сер) и Мелника (29 јула 1014 г.). Цар није преживео овај пораз; он умре нешто мало касније (15 септембра 1014 г.). То је био крај македонског словенског царства. Наследници великог македонског цара продужише још четири године борбу, отимајући се у исто време о престо Во Белград во 1040 година Петар Делјан на договорено место се сретнал со македонските водечки луѓе и бил прогласен за цар на Самоиловото Царство и МакедонијаУчебник за прва година гимназиско образование, ИСТОРИЈА; ISBN 9989-919-67-4 Ристовски Блаже. Владеел до неговата смрт во 1041 година (една година по прогласувањето за владетел).
Потекло Името на Петар Делјан на старословенски јазик значи победник. Неговиот прекар делат што значи итар. Името „Делат“ може да потекнува и од словенскиот збор „делење“, т.е. одвоен од кралското семејствоЗатоа што мајка му пред да го роди била истерана од Гаврил Радомир.
Востанието на Петар Делјан
Откако Петар Делјан бил назначен за цар, на пат кон Македонија наидувал на поддршка од населението против византиската власт. За брзо време бил освоен градот Скопје и востанието се проширило на поголемиот дел на територијата на Македонија. Востанието на Делјан директно влијаело врз востанието против византиската власт во градот Драч, на чело на ова востание бил Словенот ТихомирByzantium's Balkan frontier, p. 130 . Делјан плашејќи се од судир за превласт меѓу двете востанија предложил здружување на двете војски. Војниците на Тихомир отишле на страната на Делјан и го каменувале Тихомир до смрт. Во текот на собирањето на моќна војска на страната на Петар Делјан се приклучиле востаници од соседните земји — Србија, Бугарија, Албанија и ГрцијаМарија Јовановиќ „Востанијата на македонскиот народ во XI век“, стр. 24. Успехот на востанието стигнале до Алусијан. Востанието не успеало да го освои градот Солун. мини|десно|250п|Викиншката (Варјашка) царска гарда на Харалд во состав на византиската војска, единствено поради која Византијците успеале да ги победат македонските војски Дезоорганизираните востаници не биле во состојба да дадат доволно голем отпор и Византија во 1041 го задушила востанието по решителната Островска битка одиграна кај Острово, Воденско. Тука, византиските сили, во голема мера потпомогнати од викиншкa платеничка војска на чело со идниот норвешки крал Харалд III (Харалд Суровиот). Иако бил слеп, Петар сепак ги предводел востаниците против Ромеите и Викинзите. На ова е обратено внимание во една стара нордиска сага посветена на делата на Харалд. Армијата на Делјан не успеала да ги надвладее Викинзите. Според разни извори, по задушувањето на востанието и заземањето на неговите замоци, Петар Делјан бил заробен и испратен во заробеништво во Цариград, каде веројатно набргу умрел.
Харалд Суровиот — опустошувач на Македонија За решителната улога во поразувањето на македонските единици, урнисувањето на крепостите во Дебар, Битола, Охрид и Преспа, а на крајот и царскиот замок во Острово, Воденско, Харалд Суровиот бил наречен „опустошувач и разорувач на Македонија“. Со ваква голема воена слава, во 1046 г. станал крал на Норвешка под името Харалд III. За подвизите во Македонија бил опеан во скандинавска сага.
Семејно стебло
Наводи
Надворешни врски Проф. д-р Бранко Панов „Востанието на Петар Делјан (1040-1041)“,„Средновековна Македонија“, стр. 51-60 Марија Јовановиќ „Востанието на Петар Делјан (1040-1041)“,„Востанијата на македонскиот народ во XI век“, стр. 5-25
Категорија:Бунтовници Категорија:Православни монарси Категорија:Комитопули Категорија:Европски монарси од 10 век Категорија:Европски монарси од 11 век Категорија:Починати во 1041 година