Етички хакер () е компјутерски и мрежен експерт, кој ги напаѓа безбедносните системи со цел да најде недостатоци кои би можел да ги искористи неетичките хакери. Етичкиот хакер, всушност, работи за сопственикот на сигурносниот систем чии недостатоци се обидува да ги најде.

Историја Етички хакери за првпат се вработени од страна на Воздушните Сили на Обединетите Држави (). Целта била да се испитаат Multics оперативните системи. Биле најдени недостатоци во софтверската, хардверската и процедуралната безбедност.

Идејата за појавувањето на етички хакери е од страна на Ден Фармер и Вице Венема. Тие конструирале апликација во која се наоѓаат сите алатки кои ги искористиле за оваа идеја. Апликацијата се вика Алатка за Безбедносна Анализа на Ревизија на Мрежи ().Англиска енциклопедија

Техники Етичките хакери ги користат истите техники како и неетичките хакери. Тие немаат ограничувања во методите кои можат да ги искористат и може да се случи нивните методи да се пребарување по ѓубре, праќање електронски пораки на вработените од нивната компанија итн.

Начин на работа На етичките хакери битно им е да откријат три вредни информации: до какви информации неетичките хакери имаат пристап, што можат да направат неетичките хакери со тие информации и дали вработените ќе дознаат за тој напад, или тој ќе биде неприметлив.

Услови Етичките хакери вообичаено пред да дојдат на ова работно место имаат повеќегодишно искуство од областа на програмирањето и компјутерските мрежи. Основни предзнаења се можност за инсталирање и одржување на системи, познавања од софтвер и хардвер, добро познавање на најраспространетите оперативни системи итн.

Етички хакери против неетички хакери Предзнаењата кои треба да ги има една инстанца за да стане етички хакер се исти како оние на неетичкиот хакер.Статија за етичко хакирање

Во вистинскиот свет, работата на етичкиот хакер е поисцрпна. Секој може да стане неетички хакер со едноставно спуштање на хакерска апликација од интернет.

За разлика од него, етичкиот хакер нема слобода на избор. Тој има специфична задача. Мора да најде недостатоци на точно одреден систем.

Сертификати Постојат сертификати кои нудат напредни етичко хакерски техники и тимски менаџмент. Нивниот принцип е поделба на два тима - напаѓачи и бранители.

Овие сертификати се викаат CNSS 4011 и ги издава Националната Безбедносна Агенција ().

Законитост Се смета дека доколку пристапот до системот е авторизиран, хакирањето е легално. Доколку пристапот не е авторизиран, се смета за прекршок. Под неавторизиран пристап се смета погодување на лозинка на туѓ корисник, напаѓање на банкарски безбедносен систем итн.

Казните одат до 10 години притвор. Тоа може да се случи кога хакерот менува податоци. Постојат и парични казни.

Примери Освен Воздушните Сили на Обединетите Држави (), веројатно е дека етички хакери како вработени има и Војската на Обединетите Држави ().

Во 1970-тите години, и Владата на Обединетите Држави ) користела експерти за хакирање на сопствените системи.

Денес, многу големи компании имаат тимови од етички хакери. На пример, ваква компанија е IBM.

Дури и за социјалната мрежа Facebook може да се каже дека ги одобрува етичките хакери. Таа често на своите корисници им нуди награда доколку откријат некој нејзин недостаток.

Познати етички хакери

Стив Возњак Цутому Шимомура Ричард Сталман Линус Торвалдс Тим Бернерс-ЛиСписок на 10 најпознати хакери

Медиуми

Во следниве филмови е мала границата за тоа дали хакерот е етички или неетички: Sneakers (1992) Antitrust (2001) Swordfish (2001) Cypher (2002) Firewall (2006) The Girl with the Dragon Tattoo (2009) The Girl with the Dragon Tattoo (2011) |}Список на филмови за хакери

Наводи

Категорија:Програмирање Категорија:Хакер Категорија:Безбедност

ja:ハッカー#類語