Естердалелвен (швед. Österdalälven) е река во Шведска што тече југоисточно низ покраината Даларна. Долга е 300 км и извира кај Стурон и Гревлан и Серелвен, а завршува кај Јурос (општина Гагнеф), каде се среќава со реката Вестердалелвен и заедно ја образуваат поголемата река Далелвен.
По течението минува низ браната Тренгслет и езерото Силјан.
Наводи
Категорија:Реки во Шведска Категорија:Даларна