Ајмсбител е еден од 105 квартови во округот Ајмсбител во Хамбург, Германија.

Историја

На 1 март 2008, квартот Ајмсбител изгубил дел од неговата површина за да се создаде квартот Штерншанце во округот Алтона.Bezirksverwaltungsgesetz (BezVG), July 6th, 2006, Hamburg

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Ајмсбител имал површина од 3,2 км2.

Демографија

Во 2006, постоеле 54.702 луѓе кои живееле во Ајмсбител. Густината на населеност била 16.930 жители на км2. 10,6% биле деца под 18 години, а 16,2% имале 65 години и повеќе. 14% биле странци. 2.710 лица биле невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Во 1999, имало 36.479 домаќинства, од кои 12,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 60,5% од сите домаќинства биле сочинети од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,59.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Образование

Постоеле 8 основни и 3 средни училишта во квартот Ајмсбител.

Инфраструктура

Здравствен систем

Имало 52 дневни центри за деца, 202 лекари во приватни ординации и 16 аптеки.

Сообраќај

Квартот е опслужуван од железничкиот систем на подземната железница.

Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Ајмсбител биле регистрирани 16.871 приватно возила (311 возила на 1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Се случиле 244 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 205 со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург