Кулата Хајнрих Херц (именувана по германскиот физичар и родениот хамбуржанец Хајнрих Херц) е радио-телекомуникациска кула и позната знаменитост на Хамбург, Германија.

Проектирана од архитектот Фриц Траутвајн, во соработка со градежните инженери Јерг Шлајх, Рудолф Бергерман и Фриц Леонарт, била градена 1965–1968 за поранешната Deutsche Bundespost (Германска сојузна агенција за пошти и телекомуникации, сега подружница на , ) близу (градски парк). Со вкупна висина од 279,2 метри е највисоката зграда во Хамбург; се состои од 204 метри челична конструкција во долниот дел, на врвот 45 м челични кули и три сегментирани цилиндри од околу 30 метри, кои ги држат различните антени.

Постојат осум концентрични платформи поставени една над друга; почнувајќи на 128 метри со двокатен простор за набљудување (долниот дел) и ресторен (горениот дел), опслужувани од два брзи лифтови. Над 150 метри е оперативната платформа за работа и опрема, а понатаму се шест со различна големина, помали отворени платформи во истите димензии, на кои се поставени антени за долги бранови („parabolic mirrors“). Бројот девет додал 25 метри висина во јули 2005.

thumb|left|upright|Меморијална плоча

Откако платформата за набљудување и ресторанот биле затворени (поради азбестна деконтаминација), поранешниот каскадер Јохен Швајцер направил база за банџи скокање. Ресторанот не бил отворен повторно, поради новите противпожарни мерки, а банџи-платформата била затворена на крајот на 2001.

Кулата станала дом на аматерската секција на радиото VFDB, станицата „DF0HHT“. Исто така, сместена е и станицата за пренесување на градот Хамбург.

Меморијалната плоча на ѕидот на кулата гласи: „“ посветена на градскиот познат син.

Поврзано Список на кули

Надворешни врски

Кула Хајнрих Херц

Категорија:Телекомуникациски кули Категорија:Згради и градби во Хамбург Категорија:Појавено во 1968 година