Селце Кеч (, прев. Лошо Селце) — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

По Балканските војни е забележано со 242 жители.

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 41 куќа со 203 жител, Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.

Според пописот од 2002 година селото имало 212 жители, од кои 211 Албанци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 86 жители, од кои 62 Албанци и 24 лица без податоци.

Родови Селце Кеч е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Љоковци (35 к.) и Чолаковци (8 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век. Во Љоковци се знае следното родословие: Шаип (жив на 85 г. во 1948 година) Јонуз-Рустем-Шаин, основачот на родот. Брачни врски помеѓу овие два рода не се склучувале, туку се земале со девојки и момчиња од околните албански и горански/торбешки села.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2076 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 271 гласач.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Боговиње