Водачи Претседател - Ѓорге Иванов Премиер - Никола Груевски Претседател на Собранието - Трајко Вељаноски
Настани јануари
1 јануари - Почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Македонија. 5 јануари - Нов контингент на АРМ испратен во мировна мисија во Авганистан. 6 јануари - Официјално отворена Порта Македонија. 6 јануари - Економскиот совет на Владата разгледа пакет од 50 нови мерки за продолжување на економските реформи. 9 јануари - Орка Холдинг нов сопственик на Дневник, Утрински весник и Вест. 13 јануари - Министерството за труд и социјална политика ја промовираше мрежната страница www.stop-pedofilija.org.mk. 16 јануари - Игор Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. 17 јануари - Удрен камен-темелник на плоштадот Скендербег. 23 јануари - Запалено македонското знаме во Струга. 23 јануари - Донесен Законот за минимална плата во Република Македонија. 25 јануари - Теута Арифи отпатува во Атина на средба со Пангалос. 27 јануари - Протести против Вевчанскиот карневал во Струга. 29 јануари - На Европското првенство во ракомет, Македонија го освои петтото место. 31 јануари - Премиерот Груевски во работна посета во Турција.
февруари
1 февруари - Марјан Додовски премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 1 февруари - Васил Тупурковски ослободен од обвинение за тајванските кредити. 4 февруари - 140 години од раѓањето на Гоце Делчев. 8 февруари - Претседателот на ФИА, Жан Тод во Македонија. 12 февруари - Демократска Десница на Филип Петровски премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 13 февруари - Република Македонија стана член на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. 17 февруари - Запалено македонското знаме на ракометeн натпревар во Приштина. 20 февруари - Започнаа да се издаваат новите автомобилски регистарски таблички.
март 1 март - Македонија и Русија потпишаа Програма за соработка во културата. 5 април - Премиерот Груевски во прва посета на Индија. 13 март - Поставено спомен-обележје посветено на Првото заседание на АСНОМ. 14 март - Велија Рамковски осуден на 13 години затвор. 20 март - Македонија и Кувајт потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите. 23 март - Потпишан договорот со Светска банка за вклучување на Македонија во проектот „Европа Ре“. 27 март - Заврши владината бизнис - посета на Катар. 30 март - Отворена битолската Пивара. 31 март - Најбогатиот човек во светот Карлос Слим во Македонија. 31 март - Затворен е процесот на денационализација. 31 март - Голема полициска акција во Кочани наречена Детонатор.
април
4 април - Најавен ребаланс на буџетот на Република Македонија. 4 април - Акцијата Детонатор се прошири и во Крива Паланка. 6 април - Границата Македонија – Албанија граѓаните на двете земји ќе можат да ја преминуваат само со лична карта. 7 април - Ватерполистите не се пласираа на Олимписките игри во Лондон. 7 април - Ракометарите не се пласираа на Олимписките игри во Лондон. 8 април - Почина Методија Тед Петков, еден од најстарите Македонци во светот на 108 години. 8 април - Чудо во црквата Свети Димитрија во Скопје - фреските „крвават“ и сами се чистат. 9 април - Акцијата Детонатор се прошири и во Делчево. 9 април - Претседателот Иванов во Истанбул. 12 април - Петкратно убиство во атарот на селото Смилковци, Скопско. 15 април - Вермонт усвои резолуција за соработка со Македонија. 15 април - Осветени темелите на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. 17 април - Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2012 година. 19-20 април- Претседателот на Република Албанија Бамир Топи е во официјална посета на Република Македонијаhttp://tera.mk/index.php/vesti/aktuel/47840-albandzkiot-pretdzedatel-topi-vo-podzeta-na-makedonija. 24 април - Осветени темелите на црквата „Св. Константин и Елена“ во Прилеп. 25 април - Во Њујорк средба Попоски – Бан Ки Мун. 25 април - Опозицијата ја потпиша Декларацијата за членство во НАТО. 26 април - Смени на челните луѓе во општинските комитети на ВМРО - ДПМНЕ. 26 април - Претседателот Иванов во посета на Балтичките земји. 29 април - Стартува првата фаза од изградбата на новиот Клинички центар во Скопје. 29 април - Митрополитот на Руската православна црква Иларион Алфејев изјави дека сака да посредува за решавање на спорот меѓу Македонската и Српскта православна црква.
мај
1 мај - Откриени сторителите на масакрот кај Смиљковско Езеро. 2 мај - Македонија стана 15-та членка на Меѓународниот центар за развој на миграциската политика. 3 мај - Десет уапсени во „Монструм“ пуштени на слобода, во притвор седуммина, двајца во бегство. 4 мај - Радикални исламски активисти на протест за ослободување на осомничените убијци. 7 мај - Фуле во Македонија - продолжува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ. 8 мај - Мајкрософт и ФИНКИ со договор ја официјализираа соработката. 10 мај - Потпишан Протокол за соработка во земјоделскиот сектор меѓу Македонија и Литванија. 11 мај - Две и пол години затвор за Јован Вранишкоски. 11 мај - Протести во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево. 15 мај - Потпишан договор за избегнување на двојното оданочување со Луксембург. 13 мај - Владина делегација во Кина. 23 мај - Владина делегација во Италија. 23 мај - Македонија го презеде поранешниот Генерален конзулат на СФРЈ во Цирих. 23 мај - Премиерот Груевски на прием кај папата Бенедикт Шеснаесетти. 28 мај - Интерпелацијата за министерот Зоран Ставрески пред пратениците. 30 мај - Пропадна тендерот за продажба на ОХИС.
јуни
6 јуни - Премиерот Груевски во посета на скандинавските земји. 7 јуни - Почна саемот на региони од ЈИЕ во Радовиш. 13 јуни - СРД ја одзеде дозволата на А2 Телевизија. 15 јуни - Стопанственикот Субрата Рој во Македонија. 19 јуни - Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите. 20 јуни - Општинската зграда на Карпош продадена за 169 милиони денари. 21 јуни - Премиерот Груевски се сретна со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. 22 јуни - Ибрахим Сајдини, уапсен во акцијата Монструм, е осуден на шест години затвор. 26 јуни - Во Општина Кисела Воде поставен споменик на Тодор Александров. 26 јуни - Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски најавија соработка.
јули
1 јули - Претседателот Иванов во Казахстан. 2 јули - Машката кошаркарска репрезентација на Квалификациски турнир во Венецуела за пласман на Олимписките игри во Лондон. 4 јули - Постигнат договор за гасификација на Македонија. 15 јули - Јубилејна 50-та Галичка свадба. 18 јули - Александар Вершбоу на средба со Груевски. 18 јули - Црвенковски и Тачи договорија соработка и взаемна поддршка. 21 јули - Нов транспортен систем во РЕК Битола. 23 јули - Во пожарот кај Струмица починаа четири луѓе, а 14 беа повредени. 24 јули - Бан Ки Мун во посета на Македонија. 28 јули - Акција Зора - уапсени 46 нелегални танчерки.
август
1 август - Поскапена електричната енергија за околу 10% и укината евтината дневна струја. 1 август - Проработи ХЕЦ Света Петка. 4 август - Објавени првите единаесет лустрирани кодоши. 10 август - Исак Ајрула, претставник на ДУИ во Советот на Боговиње и советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, Кирил Псалтиров прогласени за кодоши. 11 август - Тодор Петров реизбран за претседател на СМК. 13 август - Офицери на АРМ за првпат оддадоа почит на загинатите борци на ОНА. 16 август - Украина привремено ги укина визите за македонските државјани. 18 август - Воена парада по повод две децении АРМ. 19 август - Тројца повредени навивачи на Вардар, нападнати биле од група од 40 насилници.
септември
1 септември - Стартува задолжницата за подмирување на долговите. 1 септември - Директорите од четири основни училишта од Чаир незаконски поставија табли пред училиштата со нови имиња. 5 септември - Во Собранието почна расправата за законот за бранителите. 5 септември - Австралиско-новозеландската епархија е поделена на две епархии, првата го задржува своето име како Македонска православна црква-Епархија за Австралија и Нов Зеланд, а втората епархија ќе го носи името МПЦ-Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии ќе управува еден владика. 8 септември - Прослава на Денот на независноста на арената Филип Втори во Скопје. 9 септември - Криминалецот Љубомир Периќ Магаш преку телевизиско интервју проговори за нелегални работи кои се случувале во периодот од 90-тите во Македонија. 11 септември - ДУИ ја блокира работата на парламентот по расправа за новиот Закон за бранителите. 12 септември - Започна судењето за „Детонатор“. 14 септември - Објавени досиејата на тројца службеници од поранешниот систем. 14 септември -Претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, престојува во еднодневна посета на Македонија. 15 септември - На фестивалот Браќа Манаки во Битола својата премиера ја имаа филмовите Трето полувреме и Балканот не е мртов. 17 септември - Академската година на универзитетот во Тетово започна со химната на Албанија. 17 септември - Штефан Фуле во Македонија. 20 септември - Прва жртва од западнонилска треска во Македонија. 24 септември - Претседателот Иванов на средба со македонските иселеници во Њу Џерси. 25 септември - Министерството за финансии почна да го исплаќа повратот на ДДВ за компаниите. 25 септември - 84 - годишна жена почина од западнонилска треска. 27 септември - Обраќање на претседателот Иванов пред Генералното собрание на ОН. 27 септември - Според извештајот на Wealth – X, vо Македонија живеат 35 мултимилионери. 30 септември - Митинг на опозоциската СДСМ во Битола.
октомври
8 октомври - Ставревски по инвестиции во Индија, Ченаи. 10 октомври - МАНУ прослави 45 години од основањето. 12 октомври - Средба Попоски – Оланд во Киншаса. 14 октомври - Министерот за труд и социјална политика: Бракот е заедница меѓу маж и жена – нема да има промени во Законот за семејство. 15 октомври - Вработените во „ОХИС“ на протест . 18 октомври - Почнува со работа Кемет електроникс во Бунарџик. 26-28 октомрви-Претседателот на Република Србија Томислав Николиќ е во посета на Македонија
ноември
5 ноември - Предлог буџетот за 2013 влезе во Собранието. 10 ноември - Основан Институт за сметководители. 10 ноември - Потече гасот во Струмица. 14 ноември - Во Охрид ќе се гради аеродром на вода. 19 ноември - Одржан македонско – руски бизнис форум. 19 ноември - Министерот Сарачини во посета на Словачка.
декември
4 декември - Македонските црковни општини од Австралија бараат нов владика. 4 декември - Иванов во Будва на регионален претседателски самит. 4 декември - Лидија Неделкова избрана за претседател на Врховниот суд. 5 декември - Уапсен Алија Шукри, менторот и водач на извршителите во Монструм. 6 декември - Теута Арифи во работна посета на САД. 8 декември - Двојни протести на лекарите- едни за други против плаќањето по учинок. 11 декември - Грција спречи Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ. 12 декември - Република Унгарија ја призна Република Македонија под уставно име. 12 декември - Калед Ел Масри ја доби Македонија во Стразбур. 15 декември - Владо Бучковски и Димитар Бузлевски исклучени од СДСМ. 17 декември - Блокада на буџетот за 2013 година. 17 декември - Коце Трајановски ги презентираше проектите со кои ќе бара втор мандат од скопјани. 17 декември - Груевски во посета на Хрватска. 18 декември - Во собранието годишно обраќање на Претседателот Иванов. 20 декември - Владата прифати кратење на буџетот од над 3 милиони евра. 20 декември - Ахмет Давутоглу во посета на Македонија. 21 декември - Уметниците со протестен марш против недонесување на буџетот. 22 декември - Македонците во Албанија бараат нов попис под меѓународен мониторинг. 23 декември - Владата го усвои предлог буџетот за 2013 година. 24 декември - Двојни протести пред собранието. Со камен повреден 70 годишен човек. 24 декември - Иџет Мемети реизбран за народен правобранител. 26 декември - Буџетска драма - Кривични пријави и закани од двете најголеми политички партии во земјата.