Во историјата, раниот нов век од поновата историја следува по доцниот среден век. Иако хронолошките граници на овој период се предмет на дебата, временската рамка се протега низ доцниот среден век (околу 1500 година) до почетокот на Ерата на револуции (околу 1800 година). Од глобална гледна точка, најважната одлика на раниот нов век е глобализирачкот карактер – го проследил истражувањето и колонизацијата на Америка и зголемувањето на одржливииот контакт помеѓу претходно изолираните делови од светот. Историските сили сè повеќе се вклучувале во глобалната трговија. Оваа светска трговија на добра, растенија, животни и земјоделски култури ја карактеризираше трговијата помеѓу Стариот Свет и Новиот Свет. Колумбовската размена имала големо влијание на секое општество во светот.

Во светот, капиталистичките економии и институции станале се пософистицирани и глобално артикулирани. Процесот започнал со средновековните северни италијански град-држави, особено Џенова, Венеција и Милано. Во раниот нов век исто така почнал растот и почетокот на доминирањето на економската теорија на меркантилизмот. Исто така почнала и европската колонизација меѓу 15 и 19 век која резултираше со проширување на христијанството низ целиот свет.

Рано-модерните трендови во различни региони од светот претставувале оддалечување средновековниот начин на организација, некогаш политички, а некогаш економски. Периодот во Европа бил сведок на опаѓањето на христијанската теократија, феудализам и кметство и ги вклучува реформацијата, катастрофалната Триесетгодишна војна, Комерцијалната револуција, Европската колонизација на Америка и Златниот век на пиратството. Во почетокот на раниот нов век, на власт во Кина, династијата Минг била една од ”најважните периоди на уредно владеење и социјална стабилност но историјата на човештвото”.Edwin Oldfather Reischauer, John King Fairbank, Albert M. Craig (1960) A history of East Asian civilization, Volume 1. East Asia: The Great Tradition, George Allen & Unwin Ltd. До 16 век економијата на династијата Минг била стимулирана преку тргување со Португалците, Шпанците и Холанѓаните. Периодот Азучи-Момојама во Јапонија го забележа Нанбанскиот трговски период по пристигнувањето на првите Европејци, Португалците.

Други значајни трендови во Нов век се развојот на експерименталната наука, намалувањето на релативната оддалеченост преку подобрувања во транспортот и комуникацијата, забрзан технолошки напредок, секуларизирана граѓанска политика и раните авторитативни национални држави во разни региони од светот.

Хронологија на раниот нов век

Датумите се точни, повеќе објаснето во други статии Ран нов век Пред/Потоа

Европа и Западот Овој период во Западна Европа се нарекува ран нов век и ги сочинува протестантската реформација, Европските верски војни, Големите географски откритија и почетокот на европскиот колонијализам, појавата на силни централизирани влади, почетоците на препознатливите национални држави кои се директни претходници на денешните држави, Просветителството и преку научниот напредок, првата фаза од Индустриската револуција. Појавата на културна и политичка доминантност во Западниот свет во овој период е Големото Разидување (Големото Чудо).

Раниот нов век завршува со Француската револуција, Наполеоновите војни и распаѓањето на Светото Римско Царство на Виенскиот конгрес. При крајот на раниот нов век, Британското и Руското царство излегле како светски сили од мултиполарниот натпревар на колонијалните империи, додека трите најголеми азиски царства во раниот нов век, Отоманското Царство, Могулското Царство и династијата Ќинг навлегле во период на опаѓање.

Ренесансата и „раниот нов век“ Изразот ”ран нов век” некогаш се користи неточно како замена за зборот ренесанса. Сепак ”Ренесанса”, точно се користи во врска со различните културни движења што се случиле во текот на неколку стотина години на различни места во Европа – особено во централна и северна Италија – и се протега од преминот од доцната средновековна цивилизација до почетокот на раниот нов век. Во визуелната уметност и архитектурата, терминот ”ран нов век” не е често користена ознака бидејќи ренесансата е период различен од подоцнежниот. Само во проучувањето на литературата раниот нов век е стандардна ознака. Европската музика во овој период главно е проделена на Ренесанса и Барок. Слично на тоа, филозофијата е поделена на Ренесансна филозофија и Просветителство. Во другите полиња како војување и наука има поголем континуитет низ периодот.

Европски настани и датуми Почетокот на раниот нов век се знае точно, но е општо прифатено дека започнал во доцниот 15 или раниот 16 век. Важните датуми во оваа преодна фаза од средновековна Европа до Европа во раниот нов век можат да се забележат: 1415 – Португалците ја освојуваат Сеута] 1444 – машината за печатење со подвижни делови на Јохан Гутенберг 1453 – Османлиите го освојуваат Цариград 1485 – последниот крал од Плантагенетите, Ричард III умира 1486 – Џовани Пико дела Мирандола ги објавува своите ”900 тези” 1492 – Кристофер Колумбо од Џенова ја води шпанската флота во Америка. 1494 – Францускиот крал Шарл VIII ја нападнал Италија 1498 – португалска флота, предводена од Васко де Гама, пристигнува во Индија 1517 – реформацијата започнува со Мартин Лутер 1532 – делото на Макијавели, Владетелот 1545 – одржан Соборот во Тренто 1648 – Мирот од Вестфалија става крај на Триесетгодишната војна.

Европските кралства и движења Во раниот нов век, Светото Римско Царство било унија од територии во Средна Европа под власта на светиот римски цар. Првиот Цар на Светото Римско Царство бил Отон I. Последниот бил Франц II, кој абдицирал и го растурил Царството во 1806 за време на Наполеоновите војни. И покрај името, во поголемиот дел од неговата историја, Царството не го имало Рим во своите територии.

РенесансатаRenaissance, Online Etymology Dictionary била културно движење кое траело од 14 до 17 век, започнувајќи во Италија во Доцниот среден век и потоа се проширило во останатиот дел на Европа. Терминот исто така се користи послободно означување на историската ера, но бидејќи промените на ренесансата не биле исти ширум Европа, ова е општа употреба на терминот. Како културно движење, вклучувало бунт на учењето засновано на класични извори, развојот на линеарна перспектива во учењето и постепена но опширна образовна реформа.

Важни личности

На Јохан Гутенберг му се припишува употребата на првото печатење со подвижни делови, околу 1439 и измислувањето на механичката машина за печатење. Никола Коперник формулирал разбирлива хелиоцентрична космологија, што ја тргнало Земјата од центарот на универзумот.A Greek mathematician, Aristarchus of Samos, had already discussed heliocentric hypotheses as early as the third century BCE. However, there is little evidence that he ever developed his ideas beyond a very basic outline (Dreyer, 1953, pp.135–48; Linton, 2004, p. 39). Неговата книга, De revolutionibus orbium coelestium (За револуциите на небесните сфери) ја започнала модерната астрономија и била епифанијата (појавата) што ја започнала Научната револуција. Друга важна личност бил Николо Макијавели, италијански филозоф и политичар. Тој се смета за основач на модерната политичка наука. Макијавели е познат по кратката политичка студија, Владетелот, дело од реалистичката политичка теорија.

Помеѓу поважните владетели од тоа време Шарл Дрскиот, како што му бил познат на непријателите,The title was derived from his savage behavior against his enemies, and particularly from a war with France in late 1471: frustrated by the refusal of the French to engage in open battle, and angered by French attacks on his unprotected borders in Hainault and Flanders, Charles marched his army back from the Ile-de-France to Burgundian territory, burning over two thousand towns, villages and castles on his way—Taylor, Aline S. Isabel of Burgundy. Lanham, Md: Madison Books, c2001, pp. 212–213 бил последниот војвода на Бургундија од династијата Валоа и неговата прерана смрт била важен, недоволно признат момент од европската историја. Шарл се сметал за последниот претставник на феудалниот дух – човек кој немал друга доблест освен слепата храброст. По неговата смрт, Шарл ја оставил неговата немажена 19-годишна ќерка, Марија од Бургундија, како негов наследник; нејзиниот брак ќе има сериозни последици на политичката рамнотежа на Европа. Хабсбуршкиот цар ќе ја обезбеди нејзината рака за неговиот син, идниот свет римски цар Максимилијан I, со помош на маќеата на Марија, Маргарета. Во 1477 година, териториите на Војводството Бургундија биле припоени од Франција. Во истата година Марија се омажила со Максимилијан, надвојводата на Австрија, со што на Хабсбурзите им дало контрола врз остатокот од бургундското наследство.

Клод од Лорена, била војвода на Гиз од 1528 година па сè до неговата смрт и се истакнал во Битката кај Марињано (1515) и долго се опоравувал од дваестет и двете рани што ги здобил во битката. Во 1521 година, се борел кај Фуентерабија и Луиза Савојска му го препишала нему заземањето на местото. Во 1523 станал гувернер на Шампања и Бургундија, откако ги победил царските војници кои биле испратени да ги заземат тие региони кај Нефшато. Во 1525 година, ја уништил анабаптистичката селанска војска, којашто ја имало во голем број во Лорена, кај Лупстен, во близина на Саверн. Откако Франсоа I се вратил од заробеништво во 1528 година, Клод бил прогласен за војвода на Гиз во француското перство, иако дотогаш само принцевите од кралското семејство ја имале титулата војвода и француски пер. Династијата од Гиз, биле кадети во благородничкото семејство на Лорена и наследници на Анжујската династија, барале предност пред бурбонските принцеви од Конде и Конти.

Третиот војвода од Алба бил благородник важен за раниот нов век, наречен ”Железниот војвода” од протестантите од Ниските Земји поради строгото владеење и суровост. Приказни за злосторствата направени за време на неговите походи во Фландрија станале дел од холандскиот и англискиот фолклор, формирајќи го централниот дел од Црната Легенда.

Во Англија, Хенри VIII бил крал на Англија и важна фигура во историјата на англиската монархија. Иако во поголемиот дел од своето владеење тој брутално ја потиснувал протестантската реформација во Англија,<ref>See "Martyrdom of William Tyndale".</ref> движење со корени од 14 век за времето на Џон Виклиф, попопуларен е по неговите политички судири со Рим. Овие судири на крајот довеле до одвојувањто на Англиската црква од папската власт, распуштањето на манастирите и се назначил себеси за Поглавар на Црквата на Англија. Тој се вели дека на својата смртна постела станал протестант, а целиот живот тој барал католички церемонии и доктрини. Кралска поддршка за Англиската реформација започнала со неговите наследници, побожниот Едвард VI и познатата Елизабета I, а додека неговата друга ќерка Мери I привремено ја вратила папската власт над Англија. Хенри исто така ја надгледувал унијата меѓу Англија и Велс со Законите во велшките акти 1535-1542 година. Тој исто така е познат по тоа што имал шест жени, од кои две биле обезглавени.

Христијаните и христијанството

Христијанството на почетокот на новиот век го гледало падот на Цариград во 1453 година, крајот на Стогодишната војна, откривањето на Новиот Свет во 1492 година и потоа и различни движења за реформи во Црквата (Лутеранци, Цвинглисти, Калвинисти и др.), по кои следувала контрареформацијата.

Крајот на крстоносните војни и обединетост Во Хуситските војни имало воени дејствија против и помеѓу следбениците на Јан Хус во Чешка што на крајот завршиле со Битката кај Гротники. Исто така што е познато во Хуситските војни е дека тие биле првите европски војни во кој рачните огнени оружја како мускетите направиле голема разлика. Таборитската фракција од Хуситските војници биле пешадија и нивните порази над поголеми војски со тешко оклопени витези помогнале во ефектот на пешадиската револуција. Сè на сè, Хуситските војни немале јасен победник.