За други значења видете Злокуќани (појаснување)

Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер.

Географија и местоположба Селото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола. Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Злокуќани се води како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 94 куќи.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.Гаджанов, Димитър. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието, София 1993, стр. 266.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Родови Злокуќани било албанско село.

Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Сртот — населба од железно време; Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Голем број на населението од Злокуќани се има иселено во Битола (во населбата Кленовец) и во Турција (во разни села и градови).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола

Категорија:Раселени села во Македонија