thumb|130px|Нокиа Nokia (транскрипција: Нокиа) — финска мултинационална комуникациска корпорација ,со седиште во Кејланјеми,Еспу, соседен град на главниот град на Финска,Хелсинки.Нокиа се занимава со производство на мобилни телефони , спојување на Интернетот со комуникациските индустрии,со 132,000 вработени во 120 земји,продажни салони во повеќе од 150 земји,и глобален годишен приход од повеќе од 42 билиони евра, и оперативен профит од 2 милијарди евра како во 2010.Таа е најголемиот производител на мобилни телефони: нејзината глобална девиза на берзата беше 23% во втората половина на 2011та година.Предвидената поделба на споениот маркет на мобилен телефон беше 31% во четвртата четвртина ,во споредба со оние 38% во третата четвртина во 2010 година.Нокиа,произведува мобилни телефони за секој поголем маркетиншки сегмент и протокол,вклучувајќи ги GSM, CDMA, and W-CDMA (UMTS).Нокиа,исто така нуди и интернет услуги како што се апликации,игри,музика,мапи,медија и праќање на пораки преку ОВИ (Ovi). Заедничкиот потфат на Нокиа со Сименс,и мрежата на Нокиа Сименс,произведува опрема за телекомуникациска мрежа, решенија и услуги. Исто така,Нокиа се занимива и со користење информациите на бесплатната дигитална мапа ,и навигациски услуги со помош на нивниот целосен сопствен спореден уред Навтег (Navteq). Нокиа,има страни за истражување и развој, производство и продажба во неколку земји: како во декември 2010 година, Нокиа имаше присуство на R&D во 16 земји,и вработи 35,870 луѓе во секторот на истражување и развој, претставувајќи 27 проценти од вкупната работна сила.Истражувачкиот центар Нокиа,основан во 1986 година,е индустриската истражувачка единица на Нокиа која се содржи од 500 истражувачи, инженери и научници,и има неколку страни во неколку земји : Финска, Кина,Индија,Кенија,Швајцарија,Обединетото Кралство и САД. Покрај нејзините истражувачки центри,во 2010та година,Нокиа основа и е сопственик на INdT- Нокиа-Институтот за технологија , R&D институтот кој се наоѓа во Бразил.Нокиа работи со вкупно 9 произведувачки индустриски капацитети со седиште во Сало, Финска ; Манаус,Бразил;Кљуј,Романија;Бејлинг и Донгуган ,Кина;Комаром ,Унгарија;Кенај ,Индија; Рејноса ,Мексико; и Масан,Ј ужна Кореја;. Фабриката на Нокиа во Кљуј беше запленета од романската Влада во ноември 2011-тата година,за да ја заштити продажбата на средства,каде Нокиа имаше долг од 10 милиони американски долари. Индустрискиот оддел за дизајн на Нокиа има седиште во Сохо,во Лондон,Велика Британија со значајни сателитски канцеларии во Хелсинки,Финска и Калабасас, и Калифорнија во САД. Нокиа е јавна компанија со ограничена одговорност,која се наоѓа на списокот на берзата акции на Хелсинки,Франкфурт и Њујорк.Нокиа,игра доста голема улога во економијата на Финска,засега таа е најголемата финска компанија, која сочинува третина од пазарната капитализација на Хелсиншката берза (OMX Helsinki),како во 2007 година, посебна ситуација за индустрирана земја.Таа е доста важен работодавец во Финска,и неколку помали компании прераснаа во големи како нејзини партнери и кооперанти.Во 2009 година, Нокиа придонесе 1,6 % за финскиот БДП , и во 2006-тата година бори 16% на фински извози. Брендот Нокиа,вреден 25 билиони американски долари,е рангиран како 14тиот највредниот глобален бренд во Интребренд/ Бизнис Вик (Interbrand/BusinessWeek ) , списокот на најдобрите глобални брендови во 2011тата година.Нокиа е 14-тиот рангиран корпорациски бренд во Европа (како во 2011-тата година), 8-та најинзвонредна компанија за мрежа о други комуникациски средства ширум светот, во списокот на Фортјун-Најинзвонредните компании за 2011 година,и 143-та како најголема компанија,според приходот на списокот на Фортјун Глобал 500 за 2011-тата година.Во јули 2010-тата година, Нокиа прикажа извештај на паѓање на профитот за 40%,што се претвори во загуба на 487 милиони евра во Q2 2011-тата.Во глобалното соперништво на smartphone, Нокиа го зазема третото место во 2011та година, веднаш зад Самсунг и Ејпл. На 11 февруари 2011-тата година, Нокиа соопшти партнерство со Мајкрософт,каде сите идни телефони на Нокиа ќе поддржуваат операциски систем на Виндоус телефон (WP7). На 26 октомври 2011-тата година, Нокиа го претстави својот прв WP7.5 телефон,со телефонски слушалки Лумија 710 и 800. Куќата Нокиа, главната канцеларија на Нокиа сместена во заливот на Финска во Кејланџеми ,Еспу, беше изградена помеѓу 1995-тата и 1997-тата година.Работно место кое брои повеќе од 1,000 вработени во Нокиа. Претходниците на модерната Нокиа беа компанијата Нокиа (Nokia Aktiebolag),Финскиите Finnish Rubber Works Ltd (Suomen Gummitehdas Oy),и Финските Cable Works Ltd (Suomen Kaapelitehdas Oy). Историјата на Нокиа започнува кога во 1865-тата година рударскиот инженер Фредрик Идестам, основал подна дрвена целулозна маса во банките на Тамеркоски во градот Тампере,во југозападна Финска во Руската Империја,и започнал со производство на хартија.Во 1868 година, Идестам изградил уште една фабрика близу градот на Нокиа, петнаесет километри ( девет милји) западно од Тампере до реката Нокианвирта која имала подобри избори за производство на хидро моќ.Во 1871 година, Идестам,со помош на својот близок пријател Лео Мечелин, ја преименувал и трансформирал неговата компанија во компанија за акции,од каде доаѓа и компанијата Нокиа,чие име е сè уште познато и денес.
Кон крајот на XIX век, желбите на Мечелин да се прошири во бизнисот на електрицитет,најпрво беа попречени од страна на Идестам.Како и да е,пензионирањето на Идестам од менаџментот на компанијата во 1896-тата година,му дозволи на Мичелин да стане претседател на компанијата (од 1898 до 1914),и продаде највеќе акционери на неговите планови, воедно реализирајќи ја и својата визија.Во 1902 година,во своите бизнис активности,Нокиа ја додаде и генерацијата на електрична енергија.
Индустриски конгломерат
Во 1898 година,Едуард Полон,ги основа финските Rubber Works, производител на галоши и други гумени производи,кои подоцна станаа гумениот бизнис на Нокиа.На почетокот на 20 век, Rubber Works ,ги основа своите фабрики близу градот на Нокиа,и започнаа да ја користат Нокиа како нивен бренд производ.Во 1912 година, Арвид Викструм ги основа Finnish Cable Works, производител на телефон, телеграф и електрични кабли, и основањето на каблите Нокиа и електронските бизниси.Кон крајот на 1910-тите, кратко после првата светска војна, компанијата Нокиа беше речиси пред банкрот.За да се осигура континуитетот на снабдувањето на електрична енергија од генераторите на Нокиа, Finnish Rubber Works се здоби со бизнисот на банкротираната компанија.Во 1922 година, , Finnish Rubber Works се здобија со Finnish Cable Works .Во 1937 година, Вернер Векмен, спортски борач и првиот фински олимпиец кој освоил златен медал, стана претседател на Finnish Cable Works, после 16 години како технички директор.По втората светска војна, Finnish Cable Works , ја снабди со кабли Советскиот Сојуз,како дел од финските воени подготовки.Ова,и даде добра подлога на компанијата понатамошната трговија. Трите компании,кои беа заедно поседувани уште од 1922 година, беа едногласни за да формираат нов индустриски конгломерат,Нокиа корпорејшн во 1967 година,и го поплочи патот за иднината на Нокиа како идна глобална корпорација.Новата компанија,беше инволвирана о многу индустрии, произведувајќи во исто време други хартиени производи,коли и гуми за велосипеди, обувки ( вклучувајќи и гумени чизми),комуникациски кабли,телевизии и други електрики,лични сметачи ,генерација на електрична машинерија, роботи , кондезатори , воени комуникации и опрема ( како што е направата the SANLA M/90 и М61 гас маската за Финската Армија,пластики,алуминиуми и хемикалии. Секој оддел за бизнис имаше свој директор кој поднесуваше извештај на првиот претседател на Нокиа Корпорејшн ,Бјорн Вестерлунд.Како претседател на Finnish Cable Works, тој беше одговорен за основањето на првиот оддел за електроника во компанијата во 1960-тата година, сеејќи ги семињата за иднината на Нокиа во телекомуникациите. Во 1990-тите ,компанијата реши да да ги напушти потрошувачките електроники ,и да се фокусира на најбрзо растечките сегменти во телекомуникациите.Нокијан Тајрс ( ориг.Nokian Tyres) , производител на гуми,се раздели од Нокиа Корпорејшн ,за да формира негова сопствена компанија во 1988 година,и две години подоцна Нокјан Футвер (Nokian Footwear), производитело на гумени чизми, беше основан.За време на останатите години на 1990-тите, Нокиа се откажа самата од сите нејзини не телекомуникациски бизниси.
Ерата на телекомуникацијата (Телекомуникациската ера) Семињата на моменталната инкарнација на Нокиа,беа посеани со основањето на секторот за електроника на кабловската дивизија во 1960-тата година,и со производството на нејзиниата прва електрична направа во 1962 година : пулсирачки анализатор,дизајниран за употреба во атомските централи.Во 1967 година, тој сектор беше одвоен во сопствена дивизија, и започна со производство на сопствени телекомуникациски опреми.Главниот претседател на беше Бјорн Нејл Вестерлунд (1912-2009) ,кој го основа секторот за електроника ,и го водеше цели 15 години.
Опрема за мрежирање Во 1970-тите,Нокиа стана повеќе инволвирана во индустријата на телекомуникации соо развојот на Nokia DX 200, дигитална замена за телефонските размени. Nokia DX 200 стана ненаситникот за работа во одделот за мрежната опрема.Нејзината модуларна и флексибилна архитектура, им овозможи развој на различни менувачки производи.Во 1984 година, беше започнат развој на верзија на замена на мрежата за Нордичката Мобилна телефонија . За кратко,во 1970-тите , производството на мрежната опрема на Нокиа,беше разделена во Telefenno, компанија водена од матичната корпорација,и од компанија водена од државата Финска.Во 1987 година, државата ги продаде нејзините акции на Нокиа ,и во 1992 година името беше сменето во Нокиа Телекомуникејшнс (Nokia Telecommunications) .
Во 1970-тите и во 1980-тите ,Нокиа ја создаде направата со системот на праќање на пораки Sanomalaitejärjestelmä , дигитална , портабилна направа за кодирање на пораки,за финските одбранбени сили.Моменталната основна единица на одбранбените сили е Sanomalaite M/90 (SANLA M/90).
Првите мобилни телефони Технологиите кои претходат на системите на модерната мобилна телефонија се различни "0G"- стандарди на мобилната радио телефонија. Нокиа,произведува комерцијални и некои воени радио мобилни технологии уште од 1960-тите години, иако овој дел на компанијата беше продаден еднаш ,пред подоцнежната рационализација на компанијата.Уште од 1964 година, Нокиа го создаде ВХФ радио заедно со Салора Ој. Во 1966 година, Нокиа и Салора започнаа со развивање на АРП стандардот,или во превод мобилна радио телефонија за во автомобил,и првата јавна мобилна телефонија во Финска.Започна во употреба во 1971 година ,и нудеше 100% покриеност во 1978 година. Во 1979 година, соединувањето на Нокиа и Салора,резултираше со основањето на Мобира Ој.Мобира започна со развивање на мобилни телефони за нордичката мобилна телефонија, мрежен стандар, првата генерација, првиот целосен автоматски мобилен систем кој започна со своето работење во 1981 година.Во 1982 година ,Мобира го претстави на пазарот својот прв автомобилски телефон,Сенаторот Мобира за мрежите на нордичката мобилна телефонија. Нокиа ја купи Салора Ој во 1984 година,и сега ја поседува 100% компанијата, и го смени името на компанијата во Нокиа-Мобира Ој.Токи-вокито Мобира, создадено во 1984 година,беше едно од првите светски преносливи телефони,Мобира Ситимен 900 за нордијската мрежа -900,( кој,споредено со нордисјката мрежа -450,нудеше подобар сигнал.).Додека Мобира Сенатор од 1982 година тежеше 9,8 кг, а Толкмен само 5 кг, Мобира Ситимен тежеше само 800 грама, каде само батеријата чинеше 24,000 фински марки( околу 4,560 евра).Покрај големата цена, првите телефони беа речиси зграпчени од рацете на продавачите.Мобилниот телефон во тоа време,значеше и статусен симбол.