десно|mini|thumb|Аксел Роуз во 2006 година. Аксел Роуз (Вилијам Брус Роуз, а подоцна Вилијам Брус Бејли, роден на година), е американски пејач, текстописец и музичар. Тој е главниот вокал и единствениот останат член од првичниот состав на хард-рок бендот Ганс енд роузес, со кои доживеал огромен успех и признание во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, пред да исчезне од јавноста на неколку години. Во 2001 година тој повторно се појавил со нова постава во бендот на третиот фестивал Рок во Рио (Rock in Rio 3), и потоа одржале периодични концертни турнеи, пред да го објават долго одложуваниот албум Chinese Democracy (Кинеска демократија) во 2008 година. Од многу медиуми, дури и од Ролинг Стоун и НМЕ бил наречен еден од најголемите пејачи на сите времиња.
Младост Вилијам Брус Роуз јуниор е роден во Лафајет, Индијана како најстаро дете на шестнаесетгодишната Шарон Е. и дваесетгодишниот Вилијам Брус Роуз. Кога Роуз имал две години, неговиот татко го напуштил семејството. Неговата мајка се премажила за Стефан Л. Бејли и неговото име било променето во Вилијам Брус Бејли. Има помала сестра Ејми и полубрат Стјуарт. До 17 годишна возраст Роуз мислел дека Бејли е неговиот вистински татко. Никогаш не го запознал неговиот биолошки татко, бидејќи Вилијам Роуз Постариот бил најден убиен во Илиноис во 1984 година.
Неговото семејство било многу религиозно. Ја посетувале пентекосталната црква каде што Роуз бил принуден да посетува служба 3 до 8 пати неделно и дури одел во неделно училиште. Подоцна го опишал неговото одгледување како тиранско, изјавувајќи „Една недела ќе имавме телевизори, а потоа мојот очув ќе ги фрлеше бидејќи биле ѓаволски. Не ми беше дозволено да слушам музика. Жените беа злобни. Сè беше злобно“. Во 1992 година, по извршената терапија за враќање во претходниот живот, Роуз тврдел дека му се вратиле сеќавања дека бил сексуално злоставуван од страна на неговиот биолошки татко кога имал две години. Тој исто така изјавил, дека неговиот очув физички ги злоупотребувал него и неговиот брат, а неговата сестра била не само физички, туку и сексуално злоупотребувана. Роуз нашол утеха во музиката уште од рана возраст. Пеел во црковниот хор уште од 5 години и со неговите брат и сестра настапувале на служби под името Триото Бејли. Во средното училиште Џеферсон учествувал во училишниот хор и учел да свири пијано. Како втор баритон, Роуз започнал да произведува различни гласови за време на пробите со хорот за да го збуни наставникот. Најпосле формирал бенд со неговите пријатели, меѓу кои и Џеф Избел, подоцна познат како Изи Страдлин (Izzy Stradlin).
На 17 годишна возраст, додека разгледувал документи во нивниот дом, Роуз дознал за постоењето на неговиот биолошки татко и неофицијално повторно си го презел неговото презиме од раѓање. Сепак, тој го користел В. Роуз бидејќи не сакал да го дели истото име со неговиот биолошки татко. Станал премногу окупиран со еден од неговите бендови, Аксел (Axl), па неговите пријатели предложиле да се вика/нарече Аксел Роуз (Axl Rose). (Неколку години подоцна, пред да го потпише договорот со издавачката куќа Гефен (Geffen Records) во март 1986 година, законски го променил своето име во В. Аксел Роуз.) По откривањето на неговото вистинско потекло, станал локален малолетен деликвент во Лафајет. Бил уапсуван повеќе од 20 пати за јавна интоксикација и нанесување на телесни повреди, и бил три месеци во затвор. Психијатар, кој го забележал високиот коефициент на интелегенција на Аксел, заклучил дека неговото однесување е доказ за постоење на психоза. Откако властите во Лафајет се заканиле дека ќе го обвинат како обичен криминалец, во декември 1982 година се преселил во Лос Анџелес, Калифорнија.
Кариера 1983-1986: Почетоци Кратко по неговото пристигнување во Лос Анџелес, тој се придружил на бендот Репидфајр (Rapidfire) со кои во мај 1983 снимил демо со четири песни. По растурањето на групата, се придружил на првата постава од бендот Л.А. Ганс (L.A. Guns) пред да го формира бендот Холивуд Роуз (Hollywood Rose) заедно со неговиот другар од детството Изи Страдлин, кој се преселил во Лос Анџелес во 1980 година. Во јануари 1984 година бендот снимил демо со пет песни вклучувајќи ги „Anything Goes“, „Rocker“, „Shadow of Your Love“ и „Reckless Life“, кои биле објавени во 2004 година како дел од компилацијата Корените на Ганс енд Роузес ( The Roots of Guns N’ Roses ). Додека се борел да опстане на холивудската музичка сцена, Роуз имал многу работни места, вклучувајќи ја позицијата на ноќен стражар на Таувер рекордс сместен на Сансет Булевар. Роуз и Страдлин дури и пушеле цигари за научно истражување на УКЛА за пријавените плати од 8 долари на саат.
Во март 1985 година, Роу и Трејси Ганс (Тracii Guns), негов колега од поранешниот бенд, го формирале Ганс енд роузес со спојување на нивните бендови Холивуд Роуз и Л.А. Ганс. После неколку промени во составот, бендот се состоел од Роуз, соло гитара - Слеш (Slash), ритам гитара - Изи Страдлин (Izzy Stradlin), бас гитара - Даф Меккаган (Duff McKagan) и тапанар Стивен Адлер (Steven Adler). Поставата дебитирала во ноќниот клуб Трубадур (The Troubadour) во Холивуд и продолжила да свири по клубовите во Л.А, привлекувајќи сè повеќе обожаватели. Бендот привлекол внимание и кај неколку големи издавачки куќи, пред да потпишат со издавачката куќа Гефен во март 1986 година. Следниот декември го објавиле Live ?!*@ Like a Suicide, издаден од нивната музичка куќа UZI Suicide, кој содржел четири песни.
1987-1993: Меѓународен успех Во јули 1987 година го објавиле својот деби албум Апетит за уништување (Appetite for Destruction). Иако добил позитивна критика, имал бавен комерцијален почеток, со продадени само 500.000 копии во првата година. Сепак, поради незапирливите турнеи на бендот и од успехот на песната „Sweet Child o' Mine“, која Роуз ја напишал во чест на неговата тогашна девојка Ерин Еверли, во август 1988 година и повторно во февруари 1989 година, албумот се искачил на првата позиција на Американската табела. До денес, албумот Appetite for Destruction е продадени во повеќе од 28 милиони копии ширум светот, од кои 18 милиони само во САД, правејќи го најпродаваниот деби албум на сите времиња во САД.
Во август 1988 година, за време на настапот на фестивалот Monsters of Rock во замокот Донингтон во Англија, двајца од обожавателите биле прегазени до смрт кога публиката од 107.000 луѓе започнала шутка на песната „It's So Easy“. Роуз неколкупати го прекинувал настапот за да ја смири публиката. Оттогаш, станал познат по личното обраќање до немирните обожавателите и давање инструкции на обезбедувањето од сцената, на моменти прекинувајќи ги концертите за решавање на проблемите во публиката. Во 1992 изјавил „Повеќето изведувачи ќе му кажат на обезбедувањето и сè ќе се заврши мирно, без никој да знае. Јас се соочувам со личностите, ја запирам песната „Погодете што: Залудно си ги потрошивте парите, морате да го напуштите концертот“. Поради загинатите на Monsters of Rock, наредната година фестивалот бил откажан.
Во ноември 1988, Ганс енд роузес го издале албумот G N' R Lies, кој бил продаден во повеќе од 5 милиони копии само низ САД. Бендот, особено Роуз, биле обвинети за промовирање на расистички и хомофобични ставови во песната „One in a Million“, во која Роуз ги предупредува „niggas“ да му се тргнат од патот и се жали поради „педерите“ кои шират болести. За време на контроверзијата, Роуз се бранел за својата употреба на расна клевета тврдејќи дека „тоа е збор за да опишеш некој кој ти прави проблеми во твојот живот. Тој збор не мора да означува црнец.“ Сепак, во 1992 признал дека го употребил зборот како навреда за црнците изјавувајќи: „Бев изнервиран поради некои црнци кои се обидоа да ме ограбат. Сакав да ги навредам само тие црнци. Не сакав да го поддржам расизмот.“ А како одговор на наводите на хомофобија изјавил дека се смета себеси за „про-хетеросексуалец“ и за овој став го обвинува лошото искуство со педери, спомнувајќи го притоа обидот за силување во неговите тинејџерски години и наводното злоставување од страна на неговиот биолошки татко. Поради оваа контроверзија, Ганс енд роузес биле исклучени од листата за настапи од шоуто за помош на AIDS во Њујорк, организирано од геј организација.
После успехот на Appetite for Destruction и G N' R Lies, Роуз бил пофален како еден од најистакнатите фронтмени во рок-музиката. Во август 1989 година се појавил и сам на насловна страница на Ролинг Стоун, и поради неговиот карактер влијателниот музички магазин се согласил со неговите барања, интервјуто и фотографиите да бидат обезбедени од двајца негови другари, писателот Дел Џејмс и фотографот Роберт Џон. Водителот на МТВ го опишал Роуз како „можеби најдобриот рок пејач моментално на сцената и секако најхаризматичниот“.
Во раните 1990-ти, Ганс енд роузес се вратиле во студио за да започнат со снимање на целосниот албум следбеник на Appetite for Destruction. Студиските сесии се покажале непродуктивни поради зависноста од дрога на Стивен Адлер, поради што не бил во состојба да снима и поради што сесиите биле одложувани понекогаш и на повеќе денови. Адлер бил отпуштен во јули и на негово место дошол Мет Сорум (Matt Sorum) од Култ (The Cult). По инсистирање на Роуз, на бендот се придружил и клавијатуристот Дејзи Рид (Dizzy Reed). Сорум и Рид за првпат настапиле со Ганс енд роузес во јануари 1991 година на вториот фестивал Рок во Рио (Rock in Rio 2 ). Во мај истата година, групата го отпуштила и нивниот долгогодишен менаџер Алан Нивен. Наводно Роуз ги принудил членовите да го отпуштат менаџерот наспроти нивните желби, со тоа што одбивал да го заврши новиот албум сè додека Нивен не си замине. На негово место дошол Даг Голдстајн, кој бил опишан од страна на Изи Страдлин како „човекот кој оди во 6 наутро кај Аксел, откако тој од прозорец го уништил своето концертно пијано вредно 60.000 долари“.
Во мај 1991 година, сè уште без албум за промовирање, тие ја започнале две и пол годишната турнеја Use Your Illusion, која станала позната по финансискиот успех, но и по многуте контроверзни инциденти кои се случиле, вклучувајќи го доцнењето, декламирањето на сцена, па дури и побуни. Роуз бил критикуван поради доцнењето на концертите, понекогаш доаѓајќи часови подоцна од закажаното време за почеток. Во јули 1991 година, по 90 минути од концертот во амфитеатарот Риверпорт близу Сент Луис, Роуз скокнал во публиката за да конфискува забранета видеокамера. Откако бил вратен на сцената изјавил „благодарност до неодговорното обезбедување, си одам дома!“ и заминал, поради што околу 2500 обожаватели започнале да се бунат, што довело до штета од 200.000 долари.
Во септември 1991 година, со доволно материјал за два албуми, биле издадени Use Your Illusion I и Use Your Illusion II, кои дебитирале на место број 2 и место број 1 соодветно, на Америкаснката табела, успех кој не го достигнала ниту една друга група. Сепак, до објавувањето на албумите, односите меѓу членовите станувале сè повеќе затегнати. Неговиот пријател од детството Изи Страдлин во ноември 1991 година, ненадејно ја напуштил групата, и бил заменет со Гилби Кларк од Кил фор трилс (Kill For Thrills). За причините за заминувањето Страдлинг кажал „Не ми се допаѓаа компликациите кои станаа дел од секојдневието на Ганс енд роузес“, земајќи ги за пример побуните и доцнењето на Роуз. citing the riot and Rose's chronic lateness as examples.<ref name=" За време на остатокот од турнејата, Роуз побарал и добил од Слеш и Даф Меккеган, единствено право над името Ганс енд роузес. Наводно тој поставил ултиматум, со кој тие требало да потпишат дека му ги предаваат правата над името или тој немало да настапува.