Хемиските влакна се добиваат со преработка на целулозата, со дестилација на јагленот или на нафтата. Најпознати хемиски влакна се: најлон, перлон, терилен, орлон, полиестер и други.
Хемиските влакна сè повеќе ги заменуваат влакната од волна, памук, свила и јута и предизвикаа нарушување во производството на природните текстилни суровини.
Најголеми светски производители на хемиски влакна се: САД, Русија, Германија, Јапонија и Франција.
Категорија:Вештачки влакна Категорија:Хемиска индустрија