Историзам (или историцизам) — начин на размислување кој му дава главно значење на некој конкретен контекст, како што е некој историски период, географско место и локална култура. Како таков тој е во спротивност со индивидуалистичката теорија на знаењето, како што се емпиризмот и рационализмот, кои ја занемаруваат улогата на традициите. Оттаму, историзмот тежнее да биде херменевтички, бидејќи му дава големо значење на внимателното, ригорозно и контекстуално толкување на информациите, и тежнее кон релативизмот бидејќи ги одбива универзалните идеи, основните и непроменливи толкувања.Summers, David (Winter 1989). ""'Form', Nineteenth-Century Metaphysics, and the Problem of Art Historical Description"". Critical Inquiry. 15 (2): 383. doi:10.1086/448489. S2CID 170924784.Brian Leiter, Michael Rosen (eds.), The Oxford Handbook of Continental Philosophy, Oxford University Press, 2007, p. 175: "[The word 'historicism'] appears as early as the late eighteenth century in the writings of the German romantics, who used it in a neutral sense. In 1797 Friedrich Schlegel used 'historicism' to refer to a philosophy that stresses the importance of history..."; Katherine Harloe, Neville Morley (eds.), Thucydides and the Modern World: Reception, Reinterpretation and Influence from the Renaissance to the Present, Cambridge University Press, 2012, p. 81: "Already in Friedrich Schlegel's Fragments about Poetry and Literature (a collection of notes attributed to 1797), the word Historismus occurs five times."
Терминот развил различни и дивергентни, иако слабо поврзани значења. Елементи на историзам се појавуваат во пишувањето на италијанскиот Филозоф Ж. Б. Вико и францускиот есеист Мишел Де Монтењ , а во целост се развива со дијалектиката на Хегел, влијателна во XIX век во Европа. Делата на Карл Маркс, под влијание на Хегел, исто така содржат историзам. Терминот, исто така, е поврзан и со емпириско општествените науки и делата на Франц Боас.Kahan, Jeffrey. "Historicism." Renaissance Quarterly, vol. 50, no. 4 December 22, 1997, p. 1202
Историзмот може да се спореди со редукционисточките теории, кај кои се претпоставува дека се може да се објасни врз основа на фундаменталните принципи (како што е економскиот детерминизам) или теории што ги објаснуваат историските промени како резултат на случајност.
Австриско-англискиот филозоф Карл Попер зборува за една необична верзија верзија на историзмот заедно со (тешкиот) детерминизам и холизам за кои тврди дека се во коренот на историзмот. Меѓутоа, Поперовата детерминистичка дефиниција за историзмот тежнее кон судир со непредвидливоста, која другите ја гледаат како централна во оваа теорија, како што е наведено погоре во дефиницијата на историзмот. Во своето дело „Сиромаштијата на Историзмот “, тој укажува на „неуморливите закони на историската судбина“ , кој подразбира дека историзмот е, всушност, теорија што може да се заснова на универзална, непроменлива вистина, но тоа е во остра противречност со контекстуалното релативно толкување на историзмот за која се залагаат нејзините застапници. Исто така, Талкот Парсонс го критикува историзмот како случај на идеалистичка заблуда во „Структурата на општественото дејствување“(1937).McLellan, David (1991). "Historicism". In Bottomore, Tom; Harris, Laurence; Kiernan, V.G.; Miliband, Ralph (eds.). The Dictionary of Marxist Thought (Second ed.). Blackwell Publishers Ltd. p. 239. ISBN 0-631-16481-2.Althusser, Louis; Balibar, Etienne (1970). Lire le Capital [Reading Capital] (in French). New Left Books. pp. 119–45. ISBN 0-902308-56-4.
Постструктурализмот го користи поимот „Нов историзам“, кој има некаква врска со антропологијата и хегелијанството.POPPER, Karl, p. 3 of The Poverty of Historicism, italics in original
Теолошката употреба на зборот означува толкување на библиското пророштво поврзано со историјата на црквата.Karl, Popper (2020). The Open Society and its Enemies. Vol. 119. Princeton University Press. pp. 161–89. doi:10.2307/j.ctv15r5748.10. S2CID 243169961.The Open Society and its Enemies, vol. 2 p. 29.
Варијанти Хегелијански историзам
Историската позиција на Хегел укажува на тоа дека кое било човечко општество и која било човечка активност, како што се науката, уметноста или филозофијата, се дефинирани според својата историја така што нивната суштина може да се бара само преку разбирањето на тоа. Историјата на таквите човечки активности не само што се надградува туку и се противи на претходно кажаното. Тоа е извор на Хегеловото дијалектичко учење познато под слоганот „теза, антитеза, и синтеза“. ( Хегел не ги користи овие термини иако Фихте ги користел.) Хегеловиот познат афоризам, „Филозофијата е историја на филозофијата“ е сосема јасна.
Хегеловата позиција можеби најдобро се гледа споредена со атомистичкиот и редукционистичкиот поглед на човековите општества и социјалните активности самоодредени на ад хок основи како збир од повеќе интеракции. Уште еден контрастен модел е постојаната метафора на општествениот договор. Хегел го гледа односот меѓу поединците и општествата како органски, не атомски, дури и нивниот социјален дискурс е посредуван од јазик, а јазикот е вкоренет во етимологијата и во уникатниот карактер. Така, на тој начин ја штити културата од минатото низ илјадници полузаборавени смрзнати метафори. За да се разбере што претставува човекот како личност, мора да се стави таа личност во општеството, и да се разбере тоа општество, да се разбере неговата историја, и силите што го обликувале. „Цајтгајст“, или „духот на времето“ е конкретно отелотворување од најважните фактори што дејствуваат во човечката историја, во кое било дадено време. Ова е во спротивност со телеологичната теорија на активност, кај која се претпоставува дека крајот е пресуден фактор на активноста, како и во спротивност со оние што веруваат во табула раза, или празна табла, каде што поединците се дефинирани од страна на нивните интеракции.
Овие идеи може да бидат разгледани на повеќе начини. Вистинските хегелијанци, размислувајќи и работејќи според Хегеловите сфакања за органицизмот и историски утврдената природата на човечките општества, го земаат Хегеловиот историзам како оправдување на единствена судбина на национални групи и важноста на стабилноста и институциите. Хегеловиот концепт на човечките општества како субјекти поголеми од поединците, го претставуваат влијанието на романтичниот национализам во XIX век и на испадите на дваесеттиот. Помладите хегелијанци, пак, спротивно од претходните, Хегеловото размислување за општествата создадени од силите на општествениот конфликт го земаат како основа за доктрина на напредокот и се обидуваат да создадат претстава која ќе ги манипулира овие сили за да се стигне до подобри резултати. Докторатот на Карл Маркс за „историските неминовности“ и историскиот материјализам се едни од највлијателните реакции на ваквото Хегелово размислување. Значајно е тоа што теоријата на Карл Маркс за отуѓувањето се навраќа повторно на мислата на Хегел, тврдејќи меѓу другото дека капитализмот ја нарушува вкоренетата природата на традиционалните односи меѓу работниците и нивната работа.
Хегеловиот историзам е поврзан со неговите идеи за начините на кои човечките општества се развиваат, посебно дијалектиката и неговата концепција за логиката како одраз на внатрешниот суштински карактер на стварноста. Хегел и ја припишува промената на „модерната“ потреба од интеракција со светот, за разлика од античките филозофи, кои биле себедоволни, како и од средновековните филозофи, кои биле монаси. Во својата „Историја на филозофијата“, Хегел пишува:
Во модерното време работите се многу поразлични, повеќе нема филозофски поединци, кои претставуваат класа сами по себе. Денеска сите разлики исчезнаа, филозофите не се монаси, можете да ги најдете главно поврзани со светот, како учествуваат со другите во некои заеднички работи или повици. Тиене живеат самостојно, туку во однос со граѓаните, заземаат јавни функции и учествуваат во животот на државата. Секако, тие можат да бидат физички самостојни лица, но ако е така, нивната позиција како такви на никаков начин не ги изолира од другите нивни односи. Вклучени се во сегашните услови, во светот, во неговата работа и прогрес. Така, нивната филозофија е само патем речено, еден вид на луксуз и излишност. Оваа разлика е навистина очигледна во начинот на кој се создадени надворешните услови по изградбата на внатрешниот религиозен свет. Во денешно време, имено, на сметка на помирувањето со световниот принцип со самиот себе, надворешниот свет е во мирување, доведени се во ред - световните врски, услови и начин на живот, кои станаа конституирани и организирани на начин што им е својствен на природата и рационалноста. Гледаме една универзална, разбирлива врска, а со тоа и поединечноста стекнува друг лик и карактер, не е веќе како древната поединечност. Оваа врска е од таква моќ што секој поединец е под нејзина власт, а сепак во исто време може да изгради свој внатрешен свет.
Ова гледиште дека вплеткувањето во општеството создава нераскинлива врска со изразот, нема да биде влијателно во прашањето за напредокот на филозофијата, и на барањата за поединечноста. Тоа ќе биде применето од страна на Ниче, Џон Дјуи и Мишел Фуко директно, како и во работата на голем број уметници и автори. Има различни одговори на предизвикот на Хегел. Романтичнарскиот период ја нагласува способноста на поединецот гениј да го надмине времето и местото, и да ги употреби наследените материјали замодернизирање на застарените. Модернистите би дале предвреме верзии на бескрајната кроткост од Џон Лок за човековото животно. Постструктуралистите би рекле, бидејќи историјата не е присутна, туку само нејзиниот имиџ, заради тоа поединечна ера или структура на моќ може да се сосредоточи на одреден дел од историјата, и противречностите на приказната ќе ја замаглат целта на историјата да унапредува.
Антрополошки историзам Во рамките на антропологијата и другите науки кои го проучуваат минатото, историзмот има поинакво значење. Тоа во голема мера е поврзано со работата на Франц Боас. Неговата теорија го предлага дифузионистичкиот концепт, според кој има неколку „колевки на цивилизацијата“ што се шират нанадвор од кругот; овој концепт го спои со идејата дека општествата се приспособуваат на околностите, тоа се нарекува историски партикуларизам. Училиштето за историзам се развива како одговор на нелинеарните теории , дека социјалниот развој одразува прилагодливост, и затоа постои во спектар. .Додека овие теории беа поддржани од Чарлс Дарвин и многу од неговите студенти, и нивната примена се согледува во Социјалниот Дарвинизам и Општата Еволуција крактеристични за Спенсер и Вајт, историзмот не беше нити анти-селективен ни антиеволутивен, како што ни Дарвин никогаш не објавил објаснување за културната еволуција. Меѓутоа, со ова се напаѓа идејата дека постои еден нормативен спектар на развојот, наместо нагласок на тоа како локалните услови ќе создадат адаптации на локалната средина. Стујард ја побива можноста за глобални и универзални применливи адаптивни стандарди кои предлагаат дека културата е приспособена на идиосинкразии на локалната средина, кон културната екологија, со посебна еволуција. Што е адаптивно за еден регион не може да биде толку за друг. Овој заклучок е исто така усвоен од страна на современите форми на биолошката еволуционистичка теорија.
Примарниот метод на историзмот е емпириски, особено затоа што имало толку многу потребни влезови во општеството, кои може да се утврдат само со задршкатолкување на податоците со кои располага една теорија на изворот. Во овој поглед, големите теории се недокажливи, и наместо интензивната работа на терен, тоа ќе го појасни објаснувањето за историјата и културата, затоа е именуван Историзам.
Ова гледиште би предизвикало широк спектар на дефиниции за тоа што всушност претставуват културата и историјата, но во секој случај е единственото средство за објаснување на тоа што е смислата на историските податоци изнесено од културата сама по себе.
Нов историзам