Киви () — суптропско овошно растение од семејството на актинидиите (Actinidiaceae). Во Македонија се одгледува главно како дворна овошка, во предели каде што микроклимата е поблага. На отворено може да се одгледува покрај езерата и во подножјето на Беласица, каде што дава редовни и високи приноси (50–100 кг по стебло). Плодот е со ниска енергетска, но со висока хранлива и лековита вредност. мини|десно|250п|Домашни киви во с. Љубојно, Ресенско

Потекло Се смета дека кивите потекнуваат од Кина, а како егзотично растение во Европа е донесено од Нов Зеланд во XX век и наречено „кинески огрозд“. Освен во Нов Зеланд, кивите денес се одледуваат и во Шпанија и Израел. Веќе подолго време расте во градините во Македонија.

Корисност Консумирањето киви е многу здраво, а само еден плод од ова овошје содржи доволно витамини Ц за да ги задоволи дневните потреби на возрасен човек. Во споредба со лимонот, кој има 40 милиграма Ц витамин, во кивитe има дури од 100 до 400 милиграми Ц витамин во 100 грама плод. Во кивите исто така застапени се и витамините А, Б1, Б2. Кивите содржат калиум, магнезиум и витамин Е, а освен тоа содржат и многу вода и малку калории, така што е многу значајно овошје на секоја диета. Лекарите посебно ја препорачуваат во зима, бидејќи го зајакнува имунитетот и претставува превенција од грип. Кивито е идеална за оние кои имаат висок крвен притисок. Покрај тоа, претставува вистински лек против замор и лошо расположение, честа појава во зимските месеци. Кивите можат да се јадат сирови, но и да се користат за подготовка на овошни салати и торти.

Услови Ова повеќе годишно растение, има и друга предност, може да поднесе ниски температури и до -15 степени. И уште едно може да се истакне за ова вкусно и богато со витамини овошје, а тоа е што, векот на дрвото е 40 години. Затоа кивито почна да се сади и на места каде што не знаеле како изгледа.

Поврзано Актиниди

Наводи

Категорија:Овошје Категорија:Јадливи плодови