Луис Антонио Валенсија Москера или (шпански: Luis Antonio Valencia Mosquera) (роден на 4 август 1985), попознат како Антонио Валенсија (), е еквадорски фудбалер, десно крило или десен бек на Манчестер Јунајтед и на еквадорската репрезентација.

Откако напредувал преку младинскиот тим на Ел Насионал, Валенсија станал редовен првотимец и направи над 80 настапи за клубот пред да се пресели во Европа и да потпише за Виљареал, екипа од шпанската Ла Лига во 2005 година. Тој запишал само два лигашки настапи за жолтата подморница но затоа играл многу успешно на позајмиците на којшто бил пратен. Во сезоната 2005-2006 тој играл за Рекреативо, а подоцна и во англиската Премиер лига за екипата на Виган Атлетик во периодот 2006-2008. Со Виган подоцна, Валенсија потпишал три-годишен договор за непозната сума во јануари 2008 година. Со неговите настапи во клубот наскоро го привлекол вниманието на неколку клубови од повисок ранг, но тој ја одбил понудата да се пресели во Реал Мадрид пред да потпише за Манчестер Јунајтед во јуни 2009 година каде дошол како замена за Кристијано Роналдо. Валенсија оттогаш ги освои Лига купот во 2009-10,ФА Комјунити шилд во 2010, и Премиер лигата во сезоната 2010-2011 за време на неговото време во Манчестер Јунајтед, беше избран и во PFA Тимот на Годината во Премиер Лигата во својата дебитантска сезона.

Валенсија го направил своето деби за Еквадор во 2004 година. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2006, на Копа Америка 2007 и Копа Америка 2011, Светското првенство 2014 и Копа Америка Сентенарио. Од своето деби, Валенсија има 90 настапи и 10 гола за Еквадор.

Титули Ел Насионал Серија А (1) : 2005

Рекреативо Уелва Сегунда Дивисион (1) : 2005-2006

Манчестер Јунајтед Премиер лига (2): 2010-2011, 2012-2013 ФА Комјунити Шилд (3) : 2010, 2013, 2016 ФА Куп (1) : 2015-2016 Лига куп (1) : 2009-2010 Лига Европа (1) : 2016-2017

Надворешни врски Antonio Valencia profile профилот на Антонио Валенсија на страната на Манчестер Јунајтед Premier League profile of Antonia Valencia профил на Антонио Валенсија на soccerway

Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Рекреативо Уелва Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Живи луѓе Категорија:Еквадорски фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1985 година