Ново Змирново − село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Змирново живееле 90 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Бугарско Смирново се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 12 куќи.Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Змирново имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Турци.
Според пописот во 2002, селото брои 41 жител, сите Македонци.Попис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.
Родови Ново Змирново е македонско село.
Родови во селото се:
Староседелци: Брановци (3 куќи) доселени се на средината од XIX век од селото Старо Змирново, они се основачи на селото; Штаковци (5 куќи) доселени се после родот Брановци од сега раселеното село Мечкарица, го знаат следното родословие: Диме (жив на 44 г. во 50-тите години) Никола-Стојче-Трајче, предокот кој се доселил во селото; Кутлешовци (8 куќи) и Ацевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од некое село Кутлино во Мариово?. Можеби се однесува на селото Кутлешево во Прилепско; Магловци (4 куќи) доселени се од селото Лопатица; Милошевци (2 куќи) доселени се од некое село во Мариово; Гавазовци (2 куќи) доселени се од селото Стругово во Железник, они се најмлад род во селото доселени околу 1920 година.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 200 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задруга.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква;
Археолошки наоѓалиштаЈован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Долни Висои> — населба од неолитско и бакарно време; Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола