Јакуб Колас (, – 13 август 1956) или познат по родното име Канстанцин Мицкевич Михајлович, бил белоруски поет и писател. Тој бил Народен поет на Белоруската ССР (1926), и член (1928) и потпретседател (од 1929) на Белоруската академија на науки.
Творештво Неговите дела се познати по симпатијата која тој ја искажува кон белоруските селани. Тој ги издал збирките „Песни на неволјите“ (1908) и „Синови на жалоста“, поемите „Нова земја“ и „Симон музичарот“ (1925), како и раскази и драми. Тој бил награден со Државната награда на СССР во 1946 и 1949.
Поврзано
Белоруси Белоруски јазик Белоруска книжевност
Колас, Јакуб Колас, Јакуб Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1956 година Категорија:Белоруски преведувачи