Киеран Едвард Ричардсон (роден на 21 октомври 1984, Лондон) — поранешен англиски фудбалер, играч од средниот ред.
Биографија Ричардсон е роден во Гринич, Лондон и се школувал во приватното и неселективното училиште Риверстон во Ли, Лондон. Растејќи, тој често одел на натпревари да ги гледа Арсенал додека неговиот татко Клајд бил сопственик на сезонски билети. Тој започнал да игра фудбал во основното училиште Парквуд и неговиот талент бил многу очигледен во раната возраст, тој бил капитен на неговиот училиштен тим и потоа бил поканет да тренира со Арсенал.
Ричардсон е оженет со Натали со која има две ќерки.
Технички карактеристики Ричардсон бил играч од средниот ред, чија омилена улога била лево крило. Сепак, во кариерата тој се покажал како исклучително разноврсен и тактички флексибилен играч, кој одговарал на барањата на својте тренери покривајќи различни улоги на теренот: играл како лев бек, десно крило, внатрешен играч од средниот ред, и како поддршка за напаѓачот.
Клупска кариера Почетокот на кариерата Ричардсон се приклучил на Вест Хем Јунајтед, каде што почнал да тренира професионално. Сепак, пред да го направи своето деби за клубот од Лондон, тој бил "украден" од Манчестер Јунајтед за кој потпишал во 2001 година.
Манчестер Јунајтед Во текот на неговата прва сезона во Манчестер Јунајтед, Ричардсон бил стандарден првотимец играч во резервниот тим. Тој го добил дресот со број 42 во првиот тим, но не дебитирал за него.
Во текот на летото 2002 година, Ричардсон бил промовиран во првиот тим за време на предсезонскати подготовки. Своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед го направил на 23 октомври 2002, влегувајќи како замена при крајот на натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите. Набргу потоа, го постигнал својот прв гол за Јунајтед во натпреварот од Лига купот на 5 ноември 2002, против Лестер Сити. Сезоната 2002-2003 бил важна за него бидејќи во текот на неа го направил својот прв позначителен пробив; се појавил во игра девет пати, постигнувајќи и гол за првиот тим. Тој, исто така, одиграл значајна улога во успехот на младинскиот тим во освојувањето на ФА купот за млади во 2003 година.
Пред почетокот на сезоната 2003-2004, тој го зел дресот со број 23, но неуспеал да запише многу натпревари во текот на сезоната. Тој настапил само трипати, сите во Лига купот и ФА Купот.
За време на сезоната 2004-2005, тој бил вклучен во првиот тим многу почесто. Веќе во првиот дел од сезоната тој забележал девет настапи и постигнал еден гол. Сепак во текот на јануари, Сер Алекс Фергусон решил да го даде на заем со цел да добие повеќе искуство играјќи редовно во првиот тим. Ричардсон бил поврзан со преселба во Норич Сити на позајмица, но Фергусон рекол дека нема шанси да замине таму бидејќи сака да ја почитува желбата на играчот. Сепак, кога поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, а тогашен менаџер на Вест Бромвич Албион, Брајан Робсон, се распрашал за можност да го земе Ричардсон на заем, договорот веднаш бил склопен и покрај тоа што од тој момент па сè до почетокот на последното коло на сезоната ВБА биле на дното на табелата. Според Робсон, Ричардсон направил инстант влијание за да го спаси Вест Бромвич Албион од испаѓање. Тој бил редовен во почетните единаесет на Вест Бромвич, играјќи како внатрешен играч од средниот ред, постигнувајќи три гола во 12 настапи со што му помогнал на клубот да избегне испаѓање во последното коло од сезоната кога тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 над Портсмут.
На почетокот на наредната сезоната во англискиот фудбал (2005-2006), Ричардсон одби уште една позајмица во Вест Бромвич Албион со желба да добие место во почетниот тим на Олд Трафорд. Тој по подолга пауза се појави во првите единаесет на Манчестер Јунајтед во септември 2005 година, кога тој се појави како природен лев бек,на местото на повредениот Габриел Хајнце. Тој наскоро се врати во средниот ред сепак, кога тој направи неколку добри натпревари. Во октомври, Ричардсон го прослави својот 21 роденден со потпишување на нов четиригодишен договор со Јунајтед. Тој продолжи да игра и накрајот од сезоната се појави 36 пати во сите натпреарувања и реализира шест гола.
Шансите следната сезона на Ричардсон да заигра во првиот тим беа ограничени, главно игра во Лига купот и ФА Купот. Сепак, Ричардсон го почувствува гневот на Сер Алекс Фергусон кога младинците кој тој ги пушта на терен губат срамно од нисколигашот Кру Александра во Лига купот. Фергусон јавно изјави дека Ричардсон и другите треба да бидат од корист за резервниот тим на Јунајтед. Тој постигна еден од головите за Јунајтед во ФА Куп полуфиналето во победата од 4-1 над Ватфорд, што ги одведе во финалето на новиот Вембли стадион. Ричардсон беше несакан од многу навивачи на тимот во и надвор од теренот за неговиот став и беше наречен "снобски Господ" од страна на Јунајтед fanzine Red Issue.
Сандерленд На 16 јули 2007, Сандерленд му плати на Манчестер Јунајтед сума од £5.5 милиони. Ричардсон потпишува четиригодишен договор со "Црните Мачки" чии менаџер во тој момент е поранешниот капитен и легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.
По не баш спектакуларниот почеток на кариерата во Сандерленд, било откриено дека имал стрес фрактура на ’рбетот. Ова го доведе до пауза според која тој беше надвор од акција за речиси четири месеци. Ричардсон го постигна својот прв гол за Сандерленд на 29 декември 2007 година против Болтон Вондерерс. Ричардсон потоа постигна два гола во победата од 2-0 против Портсмут на Стадионот на Светлината на 13 јануари 2008 година, исто така, ја погоди и пречката и пропушти шанса за првпат во својата кариера да реализира хет-трик. Потоа тој се здоби со нова повреда овојпат повреда на тетивата на тренинг, а истата повреда се повтори и во мечот со Ливерпул на Енфилд каде Сандерленд загбележа убедлив пораз од 3-0.
На 23 август 2008 година, Ричардсон постигна погодок против Тотенхем во 56-тата минута, во 2-1 победата на Вајт Харт Лејн. Ричардсон изведе одличен слободен удар и ја погоди пречката на трипати во мечот со Фулам на 18 октомври, а подоцна уште еден гол од слободен удар не му беше признат откако судијата досуди дека Паскал Чимбонда извршил прекршок во живиот ѕидот. На 25 октомври 2008 година, Ричардсон го постигнал победоносниот гол во дербито на Тајн и Вер дербито (против Њукасл), од слободен удар. Ричардсон привлече интерес од Болтон Вондерерс во Јануарскиот трансферен прозорец 2009, но менаџерот Рики Сбраџа инсистираше на тоа дека тој не е за продажба.
Ричардсон го постигна својот прв гол во сезоната 2009-10 за израмнување против Вест Хем Јунајтед, кој заврши 2-2. Ричардсон е користен на неколку позиции во текот на сезоната, додека претежно игра во централниот дел на средниот ред, тој исто така игра и како лев бек - неговите добри настапи на оваа позиција беа големо изненадување, а тој призна дека Светското првенство го инспирирало за тоа и се надева на повик во репрезентацијата.
Пред почетокот на 2010-11 сезона, Ричардсон ја коментираше неговата иднина во клубот и потпишувањето на нов три-годишен договор за тимот сопственик на стадионот на светлината. Тој набргу потоа стана прв избор на лев бек во клубот цитирајќи го Бразилскиот крилен бек Маикон како инспирација за преземање на својата нова позиција, велејќи: "Јас го гледав Светското првенство и видов на кој начин момците како Маикон бомбардираа во нападот - и си помислив "Можам да го направам тоа". Тој ја отвори својата голгетерска сметка за сезоната на 22 јануари нагости против Блекпул постигнувајќи два гола во првото полувреме. По имплементирањето на него, во напаѓачка улога, менаџерот на Сандерленд, Стив Брус ја поздрави флексибилноста на Ричардсон велејќи: "Јас морав да побарам од него да игра на пет или шест позиции оваа сезона и тој едноставно ужива во секоја од нив. Брус додаде: "Ричардсон е одличен играч во поле. Во првата половина тој беше брилијантен, неговото темпо беше одлично. Ричардсон постигна гол директно од слободен удар во следниот натпревар на Сандерленд, поразот од 4-2 дома од Челзи. Ричардсон го направи своето 100-то појавување во Премиер Лигата за Сандерленд дома на 12 февруари, против Тотенхем асистирајќи му на Асамоа Гијан да го открие резултатот во поразот од 2-1.
Фулам На 31 август 2012 Ричардсон потпишал за Фулам за трансфер-сума од околу 2 милиони фунти. Тој го постигнал својот прв гол за лондонскиот клуб во ремито 2-2 со Саутхемптон на 7 октомври."Southampton 2–2 Fulham" BBC Sport. 7 October 2012. Retrieved 2 December 2012.
Астон Вила По испаѓањето на Фулам од Премиер лигата во сезоната 2013-14, Ричардсон потпишал двегодишен договор со екипата на Астон Вила. Откако го комплетирал трансферот му бил доделен дресот со број 18. кој претходната сезона бил носен од Јакуба Сила. Своето официјално деби го имал на 16 август 2014, кога го започнал натпреварот против Стоук Сити во Премиер лигата и ги одиграл сите 90 минути во победата со 1-0 како гостин на Британија стадионот.
Репрзентативна кариера Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика на кариерата КлубСезонаЛигаКупЛига КупЕвропаДруго1ВкупноМечГоловиМечГоловиМечГоловиМечГоловиМечГоловиМечГолови Манчестер Јунајтед2002–032010115000912003–040010200000302004–05201031201091 ВБА (заем)2004–051230000–00123 Манчестер Јунајтед2005–06221435151003662006–0715131204100243Вкупно412104133162108111 Сандерленд2007–081731000–001832008–093241020–003542009–102911020–003212010–112641020–002942011–122121010–00232Вкупно125145070–0013714Вкупно178191542031621023028
Титули Манчестер Јунајтед Премиер лига : 2006-2007 Лига куп : 2005-06 ФА Комјунити Шилд : 2003
Надворешни врски Киеран Ричардсон на soccerway
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година