Секирани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Битолското Поле, од десната страна на реката Шемница, оддалечено 15 километри северно од Битола.
Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Секирани живееле 160 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Секирани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 16 куќи.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Секирани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото Секирани брои 114 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 72 Македонци и 2 лица без податоци.
Родови Секирани е македонско село.
Родови во Секирани се:
Староседелци: Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи) Доселеници: Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 100 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола