Отензен (старо име: Ottenhusen) се наоѓа во Хамбург, Германија во округот Алтона на десниот брег на реката Елба, е поранешен град. Тој сега е еден од 105-те квартови на Хамбург. Отензен е урбана населба.

Историја

thumb|left|Деца пред компанијата за стакло Glasfabrik C. E. Gätcke во Отензен, до Алтона/Елба, Германија

Првите докази за Отензен потекнуваат од 1310. Во 1390, станал седиште на претставникот на округот Пинеберг. Населбата, скоро целосно била населена од фармери и занаетчии. Во текот на 1640-тите, била припоена кон соседната Алтона. Бил припоен кон Прусија во 1867 и населението се зголемило значително: од 2.441 во 1840 на 37.738 во 1900.

Подоцна била припоен кон градот Алтона, кој пак поради Законот за голем Хамбург бил припоен кон Хамбург во 1937.

Географија

Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 2,9 км2. На југ се граничи со квартот Валтерсхоф преку реката Елба. Железничките пруги ја создаваат северата граница со Баренфелд и источната граница е со квартот Алтона-Алтштат. На запад е квартот Отмаршен.

Демографија

Во 2006, во квартот Отензен живееле 32.757 луѓе. Густината на население била 11.445 жители на км2. 14,3% биле деца под 18 години, а 12,7% имале 65 или повеќе години. 16,2% биле странци. 1.863 луѓе биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, постоеле 18.959 домаќинства, од кои 16,6% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 55,9% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,72.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2006 се случиле 3.558 кривични дела (109 дела на 1.000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Образование

Постојат 4 основни и 2 средни училишта во Отензен.

Култура

Музеи, галерии

Altonaer Museum Norddeutsches Landesmuseum (Северногерманскиот покраински музеј Алтона) е музеј посветен, меѓудругото на историјата и културата на крајбрежната област на Северна Германија. Основан во 1863 на денешната улица Museumsstrasse, близу железничката станица Хамбург-Алтона. Музејот има 4 дела, самиот Altonaer Museum, Jenisch Haus за уметноста и културата во квартот Отмаршен, Rieck Haus во квартот Курслак и Heine Haus на улицата Elbchaussee 23.Страница на Altoner Museum Посетено на 2008-05-10

Уметност

Altonaer Theater се наоѓа во улицата Museumsstrasse 17. Бил основан во 1876 како Altonaer Stadttheater на улицата Königstrasse. Во 1943 бил унише, а новата локација порано била училиште. Во 1954 Altonaer Theater бил повторно отворен, со Ханс Фице како негов менаџер. Во 1994, театарот бил затворен поради финансиски проблеми. Во 1995, повторно бил отворен и функционира сè до денес.Страница на театарот Посетено на 2008-05-10

Помалата сцена Thalia an der Gaußstraße на хамбуршкиот Талија театар се наоѓа во квартот Отензен.

Рекреација

Во Отензен постојат две помали зелени пворшини, Donnerspark и Rathenaupark.

Спорт

Фудбалскиот клуб ФК Тојтонија Отензен е еден од неколкуте спортски здруженија, кои ги користат разните спортски објекти во Отензен.

Инфраструктура

Здравствен систем

Altonaer Kinderkrankenhaus е детска болница до 195 кревети, која се наоѓа Bleickenallee 36.Болници во Хамбург, страница 11 Asklepios Klinik Wandsbek има дневна клиника за психијатриски проблеми во Bülowstr. 8.Болници во Хамбург, страница 12

Во Отензен имало 32 градинки и исто така 130 доктори за приватни ординации и 11 аптеки.

Сообраќај

Отензен е опслужен од железничкиот систем на градските возови.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 9.894 приватни возила (305 возила на 1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Се случиле вкупно 133 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 105 несреќи со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на квартот Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Болници во Хамбург 2006, Покраинска агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург Службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург