мини|Сцена на мраз близу пиварница мини|Зимска глетка на канал Хендрик Аверкамп (; 27 јануари 1585 - 15 мај 1634)датум на крштевање и датум на погреб — сликар од златното време на холандското сликарство.
Роден е во Амстердам и учел сликарство кај данскиот доселеник Питер Исакс (1569–1625), а веројатно и кај Давид Винкбонс. Во 1608 се преселил во Кампен (покраина Оверајсел). Бидејќи бил нем, станал познат и како „немецот од Кампен" (de Stomme van Kampen).
Аверкамп еден од првите пејзажисти на холандската школа од XVII век. Во своето творештво ја претставува Холандија зиме. Неговите слики се весели и шаренолики, внимателно изработени пејзажи со луѓе. На многу од луѓето се прикажани како лизгаат по замрзнати езера.
Делата уживале голема популарност, а цртежите обоени со акварел ги продавал како готови слики, кои потоа купувачите ги ставале во албуми. Кралската збирка во Лондон има извонреден репертоар на неговите дела.
Починал во Кампен и е погребан во локалната црква Свети Никола.
Белешки
Надворешни врски
Хенрдик Аверкамп - WebMuseum Хенрдик Аверкамп - Museum Syndicate
Категорија:Пределни сликари Категорија:Сликари од златното време на Холандија Категорија:Луѓе од Амстердам Категорија:Родени во 1585 година Категорија:Починати во 1634 година