мини|десно|300п|Дејвисовиот Проток помеѓу Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив Дејвисов Проток (, ) — северен крак на Лабрадорското Море, сместен меѓу среднозападен Гренланд и Бафиновата Земја (Нунавут, Канада). Протокот го носи името на англискиот истражувач Џон Дејвис (1550–1605), кој прв се нашол во ова подрачје барајќи „Северозападен Премин“.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Дејвисовиот Проток се следниве: На север: јужниот крај на Бафиновиот Залив [напоредникот 70° СГШ помеѓу Гренланд и Бафинова Земја]. <p>На исток: југозападното крајбрежје на Гренланд. <p>На југ: напоредникот 60° СГШ помеѓу Гренланд и Лабрадор. <p>На запад: источниот крај на северозападните премини јужно од 70° СГШ [источното крајбрежје на Бафинова Земја до нејзиниот југоисточен крај Ист Блаф] и Хандсоновиот Проток [линија од Ист Блаф, (), до ‘ртот Меридијан, западниот крај на Долните Севиџови Острови, долж крајбрежјето, па до југозападниот крај, а оттаму линија низ западниот крај на островот Резолушн, преку југозападниот брег, па до ‘ртот Хатон (јужниот крај), па оттука линија до ‘ртот Чидли, Лабрадор ()].
Геологија мини|десно|Крајбрежјето на Дејвисовиот Проток во западен Гренланд Прптокот има сложени геолошки особености грабени (басени) и сртови, веројатно созададени со ударното раседнување за време на палеогенот (пред 45-62 милиони години). Ова раседнување предизвикало придвижување на плочите во Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив. Затоа, ова е најширокиот проток на светот.
Длабочина Длабочината на протокот се движи од 1000-2000 м, и со тоа е значително поплиток од Лабрадорското Море на југ и Бафновиот Залив на север.
Наводи
Надворешни врски Сателитски снимки на Дејвисовиот Проток (јуни 2005) - MODIS
Категорија:Протоци во Атлантскиот Океан Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Протоци во Гренланд Категорија:Мориња во Канада Категорија:Мориња во Гренланд