Зематал () — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, која била создадена во 1999 преку спојување на Нојдорф, Кранцал и Зема. Трите села се наоѓаат долж реката Зема, во правец на север-југ. На северниот крај е поранешната општина Зема, во средина градот Кранцал, а на југ е селото Нојдорф.
Градот се граничи со Анаберг-Буххолц на југ, на исток се Кенигсвалде и Беренштајн, Обервизентал е на југ, а Кротендорф на запад. Близу е планината Беренштајн со висина од 898 метри. Железничката линија Долина на Чопау застанува во Зема и Кранцал. На станицата во Кранцал е почетната точка на железничката линија Фихтелберг до Обервизентал.
Нојдорф е роден град на олимпискиот добитник на злато Виола Бауер.
Збратимен град на Зематал е Ранинг Спрингс (Калифорнија) во САД.
Наводи
Категорија:Рудни Планини (округ)