Татјана Римска е христијанска светица и ранохристијанска маченица.
По потекло од Рим, Татјана била ќерка на познати благородници од градот, христијанка и ѓакониса при црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим на престолот дошол Александар Север, чија мајка Мамеја била христијанка. Самиот цар бил колеблив и нерешителен во верата, затоа во својот дворец чувал повеќе статуи: на Исус, Аполон, на Аврам и на Орфеј. Неговите потчинети ги гонеле христијаните и без наредба на царот. Кога ја извеле девицата Татјана на мачење, таа се молела на Бога за своите мачители.
Така, според христијанското верување, очите им се отвориле и тие виделе четири ангели околу маченичката. Кога го виделе тоа, осуммина од нив поверувале во Исус, заради што и тие биле мачени и убиени. По ова продолжило мачењето на Татјана Римска. Ја фрлиле пред лав, но лавот се умилкувал околу неа и ништо не наштетил, за на крај со меч да биде убиена„Охридски пролог“ стр. 15.
Православната црква нејзиниот ден го чествува на 12 јануари според црковниот, а 25 јануари според грегоријанскиот календар.
Наводи
Надворешни врски Martyrdom of Saint Tatiana (includes icon) Martyr Tatiana of Rome, and those who suffered with Her Orthodox icon and synaxarion The Holy Female Martyr Tatiana Prologue from Ochrid
Категорија:Починати во 3 век Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Италијански светци Категорија:Светици Категорија:Римокатолички светци Категорија:Православни светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Христијански маченици од 3 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Починати во 226 година