Свети Анастасиј Персиски е христијански светец.
Анастасиј е роден како Магундат во Персија. Кога царот Ираклиј се борел со Персијанците, Магундат пребегнал кај христијаните, отишол во Ерусалим, каде што се крстил, добил име Анастасиј и се замонашил. Според христијанските верувања, долго лежел во затвор и бил луто мачен додека царот Хозроe не му изрекол смртна пресуда. По таа пресуда, Анастасиј бил удавен во вода. Пострадал на 22 јануари 628 година, во градот Бетсалоe, во близина на Нинив„Охридски пролог“ стр. 30
Православната црква неговиот ден го чествува на 22 јануари.
Наводи
Категорија:Христијански маченици од средниот век Категорија:Православни светци Категорија:Персиски светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Римокатолички светци од Персија Категорија:Христијански светци од 6 век Категорија:Христијански маченици од 6 век Категорија:Христијански светци од 7 век Категорија:Починати во 628 година