Иполит Римски е христијански светец и еден од најистакнатите христијански писатели од Западна Европа од 3 век. Бил епископ и свештеномаченик, ученик на Иринеј Лионски и последен римски отец кој зборувал грчки. Ги напишал „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“.
Пострадал за верата во времето на римскиот цар Клаудиј. Кога во Рим девицата Хрисија била немилосрдно мачена, тогаш зад неа застанал пред мачителите Иполит и ги изобличил мачителите. Заради тој протест и тој бил даден на суд, суден и oсуден на смрт по долготрајните измачувања„Охридски пролог“ стр. 41.
Православната црква неговиот ден го чествува на 30 јануари по стар стил.
Наводи
Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Антипапи Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Црковни отци Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Христијански маченици од 3 век Категорија:Христијански маченици од 4 век Категорија:Свештеномаченици Категорија:Грчки папи Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Родени во 170 година Категорија:Починати во 235 година Категорија:Антигностицизам