VIII милениум п.н.е. — илјадалетен период од историјата на светот кој се одликува распространувањето на земјоделство на целата Плодната Полумесечина и Анадолија.
Грнчарството станува сеприсутно (независно развиено и во Средна Америка), а сточарството се проширува во Африка и Евроазија. Светското население брои околу 5 милиони луѓе.
Настани мини|десно|200п|Археолошки ископини во јужниот дел на Чаталхојук. 8000 п.н.е. — Завршува леденото доба. 8000 п.н.е. — Завршува доцниот палеолит. 8000 п.н.е. — 7000 п.н.е.—меѓупериод помеѓу палеолитот и неолитот (мезолит). 8000 п.н.е. — 2300 п.н.е.—неолит. 8000 п.н.е. — Продолжува населувањето на пештерата Франхти на полуостровот Пелопонез. Најрани наоди за складирање на семки и животни (леќа, бадеми) и тргување на опсидијан со Мелос. Местото било постојано населено од 20.000 п.н.е., па напуштено во 3000 п.н.е.. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Невали Џори во денешна Турција. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Сагалосос во денешна југозападна Турција. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Акуре во денешна југозападна Нигерија. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Евре Ејкер и Недре Ејкер во денешниот округ Бускеруд, Норвешка. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Ере, Данска. 8000 п.н.е. — Основани населби кај Дипкар близу денешен Шефилд, Англија. 8000 п.н.е. — Северноамериканскиот дел на Арктикот го населуваат ловци-собирачи од палеарктичка традиција. 8000 п.н.е. — Преданасашки Палеоиндијанци го населуваат денешниот Југозапад на САД. 8000 п.н.е. — Културите Плано ги населуваат Големите Рамници во Северна Америка (почнувајќи од IX милениум п.н.е.) 8000 п.н.е. — Светско население: 5.000.000просек од различни бројки, според проценките на светското население во минатото на Пописната служба на САД 7500 п.н.е. — Изградени населби кај Сенд на крајбрежјето на Вестер Рос, Шкотска. 7500 п.н.е. — Чаталхејук, многу голема населба од новото камено и бакарното време во јужна Анадолија. 7500 п.н.е. — Во пустината Сахара започнува сточарскиот период. 7500 п.н.е. — Ирска ја населуваат ловци-собирачи, првите луѓе што го населуваат овој остров. 7370 п.н.е. — Завршува големото населување на Ерихон. 7200–5000 п.н.е. — Населување на Ајн Газал, Јордан. (12 ха).
Промени во животната средина 8000 п.н.е. — Ледници ја обликуваат карпестата образба во денешен Њу Хемпшир, САД, порано наречена „Старец на планината“. ~ 7911 п.н.е. — Низа од седум огромни вулкански ерупции го затемнуваат небото и ги снижуваат температурите во траење од неколку векови (сè до 7090 п.н.е.). ~ 7220 п.н.е. — Избива вулканот Еџкамб во Алјаска. Големо преливање на слатка вода од Црното во Егејското Море.
Пронајдоци, откритија, воведувања Појавување на земјоделството. Во југозападен Иран се пронајдени наострени орудија што датираат од 8000 п.н.е. Изработени се од опсидијан донесен од Анадолија.Roberts, J: "History of the World.". Penguin, 1994. Во Јужна Америка се одгледува компир и зрнести култури Почнува одгледувањето на просоLu H, Zhang J, Liu KB, Wu N, Li Y, Zhou K, Ye M, Zhang T, Zhang H, Yang X, Shen L, Xu D, Li Q. (2009). Прво припитомување на обичното просо (Panicum miliaceum) во источна Азија, датира од пред 10.000 години. Proc Natl Acad Sci U S A. 106: 7367–7372 and ориз cultivation in источна Азија Припитомување на мачката и волот во Египет Припитомување на овцата во југозападна Азија Колиби, огништа, амбари и непреносливи камени орудија за мелење на жито во Африка Чатал Хејук: мажите носат кожуви и качулки од животни Азија Куќи, печки, грнчарија, тиркизни резби, орудија од камен и коска, коскени шупелки Кина Изработка на скулптури од калапена глина и гипс во Ерихон и Ајн Газал Средоземје Најрани наоди на засечени „бројаници“ (пред 9.000 г.) во Плодната полумесечина. Азија Грнчарите во почнуваат да ги украсуваат садовите за готвење во Јапонија Просто грнчарство во Кореја со белези од јажиња и други украсни втиснувања Наодите на употреба на пченица, јачмен, овци, кози и свињи укажуваат на усвојување на хранопроизводното стопанство во критско-микенска Грција Во Франхти се вршат првите погреби во Грција. Северно Море: Тлото е речиси сосем суво пред овој период. Англија Грнчарство, изградба на погребни тумби и градинарство Мексико Во долината на Мексико се одгледуваат лути пиперки и „жито“ (штир и пченка). Свет: помеѓу 12.00 п.н.е. и 5000 п.н.е. големи поплави во неколку континентални делови од светот, што потоа предизвикало накачување на морското ниво
Поврзано Палеолит Мезолит Неолит Неолитот во Македонија
Наводи
Категорија:Милениуми Категорија:Камено време