Свети Харалампиј — христијански светец и маченик од 3 век.
Овој светител бил епископ во Магнезија и пострадал во својата 113 година. Кога настанало прогонувањето на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј продолжил јавно да ја проповеди Христовата вера. Според христијанското верување, сите маки ги претрпел како во туѓо тело. А кога од него жив кожата му ја одрале, незлобивиот светец им рекол на царските војници: “Ви благодарам, браќа, за тоа што истругувајќи го моето старо тело вие го обновивте мојот дух за новиот, вечен живот”. Осуден на смрт и изведен на губилиште, св. Харалампиј ги кренал рацете кон небото и Му се помолил на Бога за сите луѓе. Пострадал во 202 година. Неговото тело го зела Галина, царската ќерка, и чесно го погребала„Охридски пролог“ стр. 57.
Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.
Наводи
Категорија:Христијански маченици од 2 век Категорија:Христијански маченици од 3 век Категорија:Православни светци Категорија:Грчки светци Категорија:Свештеномаченици Категорија:Родени во непозната година Категорија:Чудотворци Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Родени во 89 година Категорија:Починати во 202 година