мини|423x423px|Детална карта на регионот и нејзините населби.

Долна Река ја опфаќа областа од вливот на Рибничка Река во реката Радика па сè до месноста Бошков Мост, односно вливот на Мала Река (Гарска Река) во Радика. Регионот се одликува со изразена планинска морфологија и разгранета хидрографска мрежа.

Денес во овој дел се сместени најголем број од живите и развиени села, сите во Општина Маврово и Ростуше:

Жировница Ростуше Битуше Јанче Требиште Велебрдо Скудриње Присојница Видуше Болетин Аџиевци

мини|300пкс| Положба на Долна Река во рамките на поширокиот регион Река.

Етнички и верски состав Во сите долнорекански села живеат Македонци, кои се поделени во две конфесии — муслимани и православни. Повеќе од 90 % од населението претставуваат Македонци муслимани, додека православно население живее во Битуше и делумно во Ростуше (околу 16,1 %). Во минатото православни живееле и во селата Велебрдо, Јанче и Требиште.

Поврзано

Мијачко знаме Мијаци Македонски региони Западна Македонија Географија на Република Македонија

Категорија:Историско-географски области во Македонија