Димитар (Мито) Арнаурдов Филчев, познат како Кашалијата Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003, — македонски револуционер, серски војвода на Македонската револуционерна организација Кременлиев, Ат. "Четникът Димитър Кашиналията - довереник и верен сподвижник на Гоце Делчев". сп. Македонски преглед, 2002, кн. 4, стр. 152-156.. Животопис мини|лево|300п|Серската зборна чета во февруари 1903 година во пештерата Капе во близината на селото Крушево, Серско. Кашалијата е во четвртиот ред, втор од лево кон десно. Роден е во Кашина, во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Димитар Кашалијата е четник при Гоце Делчев во летото 1899 година, а во 1902 година е во четата на дедо Илија Крчовалијата. Од февруари 1903 година е четник при Димитар Гуштанов. Потоа повторно е во четата на Гоце Делчев. Кашалијата учествува во нападот на мостот кај реката Драматица (Ангиста) и во борбата за село Баница, каде што умира Гоце Делчев.
По Битката кај Баница, заедно со преживеаните другари поминува во Бугарија. Првично се лекува, а потоа започнал со работа во пограничните премини и канали за Македонија во областа Ќустендил и Дупница.
Подоцна тој станува војвода на чета. На 7 јуни 1903 година здружените чети на војводите Кашалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Спанчовалијата, Христо Танушев и Стојан Филипов, водат борба со турските сили кај врв Голеш (Демирхисарско). Учествува во Илинденското востание.
Во 1905 година е четник во четата на врховистичкиот на капетанот Јурдан Стојанов и загинува на 6 април истата година во заседа, во близината на селото Кашина, поставена од Јане Сандански Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 48. Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски револуционери