Михаил Симов, познат како Поројлијата, — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Махаил Поројлијата е роден во селото Горно Порој, денес Ано Пороја, Грција. Влегол во ВМОРО и станал терорист на организацијата. Од 1899 година, тој станал нелегален четник, а од 1900 година станал самостоен војвода. Станал непослушен кон раководителите на Организацијата, заедно со Алексо Поројлијата извршиле низа на самоволни убиства. Алексо Поројлијата имал манија да убива Турци, а Махаил Поројлијата имал манија да убива Власи.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003 Убиствата ги раздвижиле османлиските власти и имало низа на апсења, поради кои можело да дојде до провала. Организацијатаги ги осудила на смрт Алексо Поројлијата и Михаил. Алексо Поројлијата се засолнил кај војводата Михаил Чеков. Пресудата врз Махаил Поројлијата била извршена во летото 1901 година од Иван Анастасов Грчето и уште еден четник.
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Горно Порој Категорија:Починати на Беласица Категорија:Починати во 1901 година Категорија:Македонски револуционери