Лужичка Ниса (; ; ; ) — 252 километри долга река во Средна Европа.Ниса — Енциклопедија „Британика“ Транснационален речен слив на http://eagri.cz/public. Accessed on 4 Feb 2011. Нејзиниот извор е во Јицерските Планини близу Нова Вес на Ниса, Чешка, достигнувајќи на тромеѓата со Полска и Германија кај Цитау по поминати 54 километри и подоцна ја формира полско-германската граница во должина од 198 километри. Лужичка Ниса е лева притока на реката Одра, во која се влева помеѓу Најсеминде-Рацдорф и Косарзин, северно од градовите Губен и Губин.

Според Потсдамскиот договор од 1945, по Втората светска војна, реката станала дел од западната полска граница со Германија (Граница Одра-Ниса).

Име

Бидејќи реката тече низ историскиот регион Лужица, придавката пред името на реката се користи за да се направи разлики од реки со слични називи во Полска, како што се Ниса Клодзка (Glatzer Neiße) и малата Ниса Шалона (Wütende Neiße или Jauersche Neiße) во Шлеска.

Градови

Кај Бад Мускау, Ниса тече низ Паркот Мускау, светско културно наследство на УНЕСКО. Ова се следните градови низ кои поминува реката од изворот до устието:

Јаблонец на Ниса, Чешка Вратиславице, Чешка Либерец, Чешка Крастава, Чешка Храдек на Ниса, Чешка Цитау, Германија Богатиња, Полска Герлиц, Германија; Згожелец, Полска Пенск, Полска Бад Мускау, Германија; Ленкњица, Полска Форст (Лужица), Германија Губен, Германија; Губин, Полска

Притоки

Десни: Лубша

Леви: Мандау

Поврзано

Список на реки во Чешка Список на реки во Полска Список на реки во Германија

Наводи

Надворешни врски

Библиографија на водените ресурси и меѓународно право Затворени мостови помеѓу Германија и Полска

Лужичка Ниса Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Реки во Полска Категорија:Реки во Бранденбург Категорија:Реки во Саксонија Категорија:Долношлеско Војводство Категорија:Географија на Лужица Категорија:Погранични реки Категорија:Германска Шлеска Категорија:Германско-полска граница