Иван Групчев — македонски револуционер и деец на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.
Животопис мини|200п|Паричник на Групчев во времето кога беше во затворот
Роден е во 1874 година во Охрид. Припаѓа на големиот род Групчеви (Групче). Во 1892 година завршува Солунската машка гимназија. Уште во 1894 година влегува во ВМОРО. Во 1903 година властите го апсат и протеруваат во Синоп, но е амнестира во 1904 година. Од 1905 до 1907 година е член на Охридскиот околиски револуционерен комитет.
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година заедно со својот брат Ѓорѓи Групчев е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во Трета посебна партизанска чета, предводена од Петар Чаулев. Во Втората балканска војна е во Здружената партизанска чета. Учествува во привремената управа во Охрид за време на Охридското востание.
Во Првата светска војна за време на бугарската окупација на Вардарска Македонија, Групчев е градоначалник на Охрид Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 37.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 408.
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Седма генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија