Башали — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Бојмија, помеѓу планините Плавуш на исток и Градешка Планина на запад. Атарот зафќа површина од .
Под селото, во југозападен правец тече Башалиска Река, која потоа прима разни притоки за понатаму да се нарече Аразлиска Река и да заврши како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели на 8 км југозападно од Башали.
Историја На крајот од XIX век Башали било претежно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство Атарот на селото зафаќа 8 км2.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахчели (Bahtchely) имало 90 домаќинства сочинети од 168 муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението од 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахчели имало 344 жители, од кои 320 Турци и 24 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.
Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во почетокот на XX век. Ова подоцна се променило во 1950-тите кога е забележан е многу значен пад на населението, што се должи на иселувањето на Турците од Македонија. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Башали се заведени 57 лица, од кои сите под графата „останати“.Башали — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Башали немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово Категорија:Раселени села во Македонија