Ристо Гаревски (, - , ) — угледен македонски палеонтолог и универзитетски професор.

Животопис Гаревски е роден на 22 март 1922 и по завршувањето на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се вработил во Природнонаучниот музеј. Од таму заминал во 1979 година за да биде професор по палеонтологија на Геолошко-рударскиот факултет во Штип.

Во текот на својата долга научна кариера Гаревски раководел со проекти и ископувања од областа на палеонтологијата, а неговиот опус брои повеќе од 100 научни трудови во домашните и светските списанија. Најголемо откритие на Ристо Гаревски се четирите бивни на редок вид слонови што живееле пред десет милиони години во близината на Велес. Починал на 89 години во Скопје на 21 февруари 2012 година.

Надворешни врски Ин мемориам: Замина единствениот македонски палеонтолог (Утрински Весник, 22 февруари 2012)

Наводи

Категорија:Македонски палеонтолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 2012 година