thumb|right|200px|Карта на Островите Феникс. Бирни (кирибатски и англиски: Birnie) е мал корален остров во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 20 хектари и е дел од Островите Феникс. Островот се наоѓа 100 километри југоисточно од островот Кантон и 90 километри северозападно од Раваки. Островот Бирни е долг 1.2 километар, а широк е 0.5 километар. На островот нема пристаниште, но плажите се пристапни.
Историја
Островот Бирни бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Сидни Пакет. Името на островот потекнува од името на сопственикот на бродот, Александер Бирни.
Во 1860-те САД тврделе дека островот е под нивна управа. На 10 јули 1889 година, Британците прогласиле дека островот е под нивна власт, т.е. колонија. За време на овој период никогаш не се откопувало гвамо и немало човечка активност на островот. Во 1937 година островот бил дел од колонијата Гилбертски и Елиски Острови, а по независноста на Кирибати, островот станал дел од новата држава. Островот е слабо посетен од луѓе.
Галерија
Наводи
Maude, Henry Evans: Of islands and men : studies in Pacific history; Melbourne [u.a.] : Oxford Univ. Pr., 1968 Jones, A. G. E.: Ships employed in the South Seas trade Vol. 1: 1775 - 1861; Canberra 1986 & Vol. 2: 1775 - 1859; Burwood, Vic. Bryan, E.H.: American Polynesia and the Hawaiian Chain: Honolulu, Hawaii: Tongg Publishing Company, 1942
Поврзано
Острови Феникс Острови во Кирибати Кирибати
Надворешни врски Засолниште за див свет Информации и историја на Бирни
Категорија:Острови Феникс