Елвис Арон Пресли (; во Македонија погрешно познат и како „Присли“) ( — ), исто така познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот () — американски пејач чиј ефект на светската популарна култура може да се спореди само со оние на „Битлси“ и Мајкл Џексон. Тој ја почнал кариерата под името Хилбили Мачорот и набрзо добил прекар Елвис Пелвис заради неговиот сексуално сугестивен стил на изведба. По бројот на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар.
Елвис Пресли
Роден во Тупело, Мисисипи, Пресли се пресели заедно со неговото семејство во Мемфис, Тенеси на 13 годишна возраст. Тој таму ја започна својата кариера во 1954 година, работејќи со сопственикот на „Sun Records“, Сем Филипс, кој сакаше да го прикаже звукот на афроамериканската музика на пошироката публика. Придружуван од гитаристот Скоти Мур и басистот Бил Блек, Пресли беше најважниот промотор на рокабили, спој со брзо темпо на кантри-музика и ритам и блуз. АРК Виктор му понудија договор во соработка со полковникот Том Паркер, кој го менаџираше пејачот повеќе од 2 децении. Првиот АРК сингл на Пресли „Heartbreak Hotel”, издаден во јануари 1956 година, беше број еден хит. Тој стана водечка фигура на новиот, популарен звук на рокенролот, со повеќе појавувања на национални ТВ мрежи и рекорди на топ-листите. Неговите енергични изведби на песните, повеќето со афроамериканско потекло и неговиот немирен стил на изведба го направија доста популарен и контроверзен. Во Ноември 1956, тој го направи своето филмско дебитирање со „Love Me Tender“.
Доби покана за служење во војска во 1958 година, и Пресли ја продолжи својата кариера дури по две години со успешно комерцијализирани дела. Како и да е, тој настапи на неколку концерти и предводен од Паркер, тој продолжи да посветува повеќе време на 1960-тите години, на правење на Холивудски филмови, како и албуми со песни, повеќето од нив исмеани од критичарите. Во 1968, по седумгодишна пауза од сцената, тој се врати на настапите во живо во Лас Вегас, кој се претвори во неговата резиденција за концерти и профитирачки турнеи. Пресли настапи на првиот концерт кој беше глобално прикажан преку сателит, „Aloha from Hawaii“.Зависноста од апчиња сериозно го оштети неговото здравје и тој ненадејно умре во 1977 на 42 годишна возраст. Пресли е една од најважните фигури на популарната култура на дваесеттиот век.Тој имаше плодотворен глас и способност за мошне успешно соединување на повеќе жанрови на музика, вклучувајќи кантри, поп балади, госпел и блуз.Тој е соло артист со најмногу продажби во историјата на популарната музика. Номиниран за 14 Греми награди, доби 3 и се здоби со Греми награда за животно достигнување на 36 години.Тој е вклучен и во повеќе музички Хали на славни личности.
Живот и кариера Рани години(1935=53) Детство во Тупело Елвис Пресли е роден на 8 јануари 1935 година, во Тупело, Мисисипи, син на 18-годишниот Вернон Елвис и 22-годишната Гледис Лав Пресли. Живеел во квадратна двособна куќа, која неговиот татко ја изградил како подготовка за новиот член на семејството. Џес Герон Пресли, неговиот идентичен брат близнак, 35 минути постар од Пресли, бил мртвороденче. Како единствено дете, Пресли се зближил со родителите и формирал необично цврста поврзаност со неговата мајка.Семејството одеше секоја седмица во Божјиот собир на една црква, каде што тој ја пронајде својата музичка инспирација.
Потеклото на Пресли е од западноевропска мешавина.Од страната на мајка му тој има шкотско-ирско потекло, и француско-нормандиски корени, а една од пра-прабабите на Гледис била од племето на Чироки. Предците на татко му имаат шкотско или германско потекло. Роднините и пријателите на Гледис ја гледаа како најдоминантен член на малото семејство. Вернон преминуваше од една во друга сомнителна работа, покажувајќи мала амбиција. Често семејството се ослонуваше на помошта од соседите како и помошта за храна која ја обезбедуваше владата. Во 1938 година, го изгубија домот откако Вернон беше прогласен за виновен поради фалсификувањето на чекот кој бил потпишан од сопственикот на имотот. Тој беше осуден 8 месеци затвор, а Гледис и Елвис се преселија кај нивни роднини.
Во Септември 1941 година, Пресли започна да оди во прво одделение во „Еаst Tupelo Consolidated”, каде наставниците го процениле како „просечен“ ученик. Откако ги импресионирал наставниците со изведбата на кантри песната „Old Shep” од Ред Фоли за време на утринските молитви, тој беше охрабрен од неговите наставници за да учествува на натпревар за пеење. На натпреварот, одржан на 3 октомври на саемот на Мисисипи-Алабама, десетгодишниот Елвис, облечен како каубоец,качен на столица за да го достигне микрофонот ја испеа песната „Old Shep”, со која за првпат настапи во живо.
Тој го освои петтото место на натпреварот. Неколку месеци подоцна, Пресли ја доби првата гитара како роденденски подарок, а се надевал за поинаков подарок, како на пример велосипед или пушка. Во текот на следната година, тој одеше на основните часови за свирење гитара кај двајца свои вујковци и кај новиот пастор од црквата во која одеше неговото семејство. Пресли изјави: „Ја зедов гитарата и гледав од другите и научив да свирам по малку. Но никогаш не се осмелував да пејам во јавност. Навистина бев доста срамежлив. Кога во септември 1946 година започна да оди во шесто одделение во новото училиште, Милам, за Елвис мислеа дека е самотник. Наредната година тој започна секојдневно да ја носи својата гитара. Свиреше и пееше за време на одморот и често беше предизвикуван затоа што го нарекуваа "лошо“ дете кое свири хилибили музика. Тогаш семејството живееше во афроамериканско соседство. Помладиот брат на Слим, редовен приврзаник на шоуто „ Mississipi Slim” на радио станицата WELO во Тупело, го опиша Пресли како „луд по музиката“, па тој често го водеше Елвис во радио станицата. Слим го подучуваше Пресли како да свири на гитара и како да ги подобри своите акордни техники. Кога Елвис беше дванаесет години, Слим му закажа два настапи во живо. Пресли на првиот настап го надмина својот страв од сцената, и веќе следната недела имаше успешна изведба.
Тинејџерскиот живот во Мемфис
Во Ноември 1948 година, семејството се пресели во Мемфис, Тенеси. По нивниот едногодишен престој во соби кои ги изнајмуваа од склопот на повеќе семејни куќи, им беше доделен двособен апартман во комплексот на јавни домови познати како владин проект наречен „The Courts”. Откако се запиша во „Humes High School”, Пресли доби само 3-ка по музичко во осмо одделение. Откако неговата наставничка по музичко му рекла дека нема став за пеење, следниот ден тој ја зел својата гитара и го отпеал тогашниот хит „Keep Them Cold Icy Fingers Off Me”, со цел да го докаже спротивното. Соучениците подоцна изјавиле дека наставничката „се согласила дека Елвис бил во право кога кажал дека таа не го цени неговиот стил на пеење“.Тој беше претежно многу срамежлив за да настапува на отворено и често беше исмејуван од соучениците кои го сметаа за, „мамино синче“. Во 1950 година тој почна редовно да вежба да свири гитара под туторство на Џес Ли Денсон, сосед две години постар од него.Тие и уште три други момчиња-вклучувајќи и двајца идни предводници на рокабили музика, браќата Дорси и Џони Барнет формираа слободна музичка група која често свиреше околу куќите од околината на населбата наречена „The Courts”. Истиот Септември тој започна да работи како редар во Loew's State Theater. Други работни места следеа во текот на школските години: Precision Tool, повторно во Loew's State Theater и во MARL Metal Products.
Во прва година во средно училиште, Пресли почна да се одвојува од своите соученици, повеќето поради пораснатите бакенбарди и поради косата која ја правеше со масло од роза и вазелин. Во негово време, тој би се упатил кон Beale Street, срцето на успешната блуз сцена во Мемфис, долго зјапајќи во дивата, светликава облека од излозите на Lansky Brothers .Тој ја носеше таа облека по две три години. Надминувајќи го неговиот страв за изведба надвор од дворовите, тој се натпреваруваше во годишното шоу на трубадурите во Хјумс во април 1953 година. Пеејќи и свирејќи на гитара, тој настапи со "Till I Waltz Again with You", неодамнешниот хит на Тереза Бруер. Пресли се присеќава дека таа изведба придонела доста за неговиот углед: "Јас не бев популарен во училиштето ...не поминав на музичко, единственото нешто по што сум паднал. И одненадеж ме пријавија на ова талент шоу ... и кога стапнав на сцената слушнав како луѓето шепотеа наоколу, бидејќи никој не знаеше дека умеам да пејам, беше неверојатно колку популарен станав после тоа."
Сем Филипс и Сан Рекордс
Во август 1953, Пресли влезе во канцелариите на Сан Рекордс. Тој имаше намера да плати за неколку минути снимање за да ги сними на една плоча песните „My Happiness“ и „That’s When Your Heartaches Begin“. Тој подоцна изјавува дека планирал да ги сними како подарок за неговата мајка, но сепак тоа можеше да го направи тоа и со помош на услугите за снимање на аматерски плочи во соседната продавница, каде што е и доста поевтино. Биографичарот Питер Гуралник расправа дека ги избрал Сан Рекордс, со цел да биде откриен неговиот талент. Кога на рецепцијата го прашале каков тип на песни пеел, тој одговорил: „Пеам секаков тип на песни“. Кога го прашала како кој пејач звучел, тој постојано одговарал: „Јас немам сличен глас со никој“. Откако завршил со снимањето, шефот на Сан Рекордс, Сем Филипс ја замолил рецепционерката да го запише името на овој млад човек, и таа го запишала под фразата „добар пејач на балади.“
Неговата втора плоча ја сними во јануари 1954 година, „I’ll Never Stand In Your Way“ и „It Wouldn’t Be the Same Without You“, но за жал не беше успешна. Не многу подоцна тој не помина добро и на аудицијата за еден локален вокален квартет наречен The Songfellows. Тој му образложил на неговиот татко велејќи му: „Ми рекоа дека не знам да пеам.“ Во април Пресли започна да работи како возач на камион за компанијата Краун Електрик. Откако учествуваше на неколку локални свирки со неговиот пријател Рони Смит, Рони му предложил на Пресли да исконтактира со Еди Бонд, фронтменот на професионалниот бенд на Рони Смит, затоа што имало една слободна позиција за придружен вокал. Откако Пресли пеел пред фронтменот, тој го советувал Пресли да си остане како возач на камион, затоа што „никогаш нема да успее како пејач“.
Во меѓувреме Филипс, од Сан Рекордс, бил во потрага по некој кој би можел да го пренесе звукот од црните музичари. Како што изјавила Кајскер, рецепционерката на фирмата, “Се секавам како Сем повеќепати велеше : ‘Кога би нашол белец што ќе има осет и глас на црнец, би можел да направам милијарди долари. Во јуни, тој се здобил со една демо снимка на баладата „Without You“, за која мислел дека би му одговарала на младиот пејач. Пресли дошол во студиото, но не бил во способност да го испее правилно. И покрај ова, Филипс му рекол на Пресли да испее колку може повеќе песни. Тој бил доволно заинтересиран од тоа што го чул од Пресли, па дури и викнал двајца локални музичари, гитаристот Винфилд „Скоти“ Мур и бас свирачот Бил Блек, за да осмислат една снимачка сесија со Пресли. Снимањето било одржано вечерта на 5 јули, и било сосема безплодно, и точно кога сите биле приготвени да се откажат, Пресли ја зел гитарата и ја засвирил блуз песната од 1946 година, „That’s All Right“ од Артур Крадап. Мур се присеќава, „Одненадеж, Елвис започна да ја пее оваа песна, да скока наоколу да се избудалува, и тогаш Бил го зеде својот бас и му се придружи на Пресли, па и јас исто така им се придружив. Во тој момент нѐ слушна Сем и ни рече да почнеме одново со песната.“ Филипс веднаш започнал да снима, тоа бил звукот што го барал цело време. Така започнала активноста на триото, кое што веќе имало многубројни настапи во живо, многу договори и зделки, менаџери и советници.