right|thumb|250px|Карта на Линиските Острови.

Старбак (англиски и кирибатски: Starbuck) или познат како Волонтерски Остров, е ненаселен корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Низ историјата атолот бил познат како Барен, Корал Квин, Хироу, Лоу Ајленд и Старв.

Географија

Димензиите на островот се 8.9 со 3.5 километри и има вкупна површина од 1,620 хектари.http://www.unep-wcmc.org/sites/wetlands/starbuck.htm . Посетено на 7 July 2008. Старбак е низок, сув, корален остров со стрмни плажи. Низ островот има неколку солени мали лагуни, повеќето на источниот дел од атолот. Понекогаш овие лагуни се сушат и теренот може да е доста опасен.http://www.janeresture.com/kiribati_line/starbuck.htm . Посетено на 7 July 2008. На островот нема извор на свежа вода. Просечните годишни врнежи на атолот се 800 милиметри.

Историја Островот бил забележан во 1823 година од Валентајн Старбак, британски командир на китоловски брод од САД.Bryan, p. 128 Низ историјата островот бил и под американска и британска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата океанска држава. На островот се ископувало гвано (птичјо ѓубриво).

Галерија

Наводи

Bryan, Jr., Edwin H. (1942); American Polynesia and the Hawaiian Chain, Honolulu, Hawaii: Tongg Publishing Company Dunmore, John (1992); Who's Who in Pacific Navigation, Australia:Melbourne University Press, ISBN 052284488X

Поврзано

Кирибати Острови во Кирибати Линиски Острови

Надворешни врски Остров Старбак Слики од Старбак: тука и тука .

Категорија:Линиски Острови